Па и ти си нашол со кого да пиеш
.
И јас така заглавив еднаш со еден од Пробиштип... 8 сабајле, ја уште очи не сум отворил, овој вика „ај едно пиво да здрвиме“
, му викам „абе чекај, кафе прво, дај да се отрезниме од вчера“, овој „ааааа, не, не иде така работта овде, прво пиво, после кафе
“
. Ајде, ќе одиме до продавница, да земеме, таму, се собрала коперација уште у 8
. И, влегуваме, ја се фаќам по лименче едно, пола литро, овој, литро и пол пластика зема
. Ми вика „абе остај тоа, за деца е толку, земи едно литро и пол“, јас „абе чоек... дај не зезај, 8 сабајле е, што ќе праам после у текот на денот“... ме тргна со рака од фрижидерот, зема уште едно литро и пол и ми го тутна во раце
.
Не знам дали имав трезен момент тие 3, 4 дена
. Пиво, ракија, пиво, ракија, пиво ракија - мезе - да разбиеме малце монотонија
... пак, пиво, ракија, пиво, ракија
. Дома се вратив... 10 години постар
.
Не можеш со тие од Источна Македонија, шампиони има таму
... јас мислев јас многу пијам, кога видов како е таму, 8 сабајле, полна коперација
... си викам „ајдееее... не, не можам со овие“
.