Сакав да кажам дали ке непишеш оди на search и напиши 2girls1cup и гледај го клипот или ке го ставиш клипот директно на форум ги даваш истите информации.
Да, се сложувам дека е скоро исто... но не би го рекел истото и адвокатите на било која софверска компанија во врска со пиратските верзии на софтверот кој таа компанија го пласира. На пример, според нив, не е исто да дистрибуираш online patch за нивниот софтвер и да направиш видео во кое објаснуваш како треба да се patch-ува софтверот за да добиеш full верзија од него. Затоа и клиповите со ваква содржина не ги симнуваат од YouTube. Во очите на законот (пак ќе кажам, се е до тоа како општеството гледа на овие работи, не како ние гледаме... од моја гледна точка, исто е, мислам дека се разбираме
) и општеството, овие две работи не се исти... за жал. Едно да продадеш на некој бомба, а друго е да му објасниш како се прави... пак ќе наведам, во очите на законот и општеството. Затоа сите тужби од ваков вид, паднале на интернационални судови. Не е нелегално сам (со твое знаење) да кракуваш софтвер и да го користиш само за твои лични потреби... „браво за тебе, си успеал, со среќа да го користиш“, ниту е нелегално да го споделуваш тоа знаење... но, нелегално е да споделуваш алатка која без никаков дополнителен труд од другата страна (онаа која би ја искористила оваа алатка) овозможува софтверот да се користи без никакви рестрикции. Значи, во очите на општеството и законот, проблем е „медиумот“ кој се користи. Не смее да е алатка
, мора да е директно или индиректно стекнато знаење кое ќе му овозможи на оној кој сака да го користи софтверот без рестрикции, сам да го изведе тоа.
Се надевам дека е сега јасно зошто објаснив како да го најдете клипот, а не ставив директен линк до клипот.
Само да бидеме на чисто. Форумов не се води на име на организација, domain-от се води на мое име. Ако некој се побуни за содржината во определена секција на форумот, прва линија на оган сум јас. Не сакам непотребно да се ставам на таа линија. Од истата причина е забранет и warez на форумот - нема потреба да се ставам во први борбени редови ако не морам да бидам таму, нели
. Се надевам дека на сите им е јасно дека секој може да си отвори тема да и бара определен warez и дека, доколку некој го има и сака да го сподели, секогаш може да му пише ПП на членот кој го побарал тој warez
. Се додека јавно не се споделуваат линковите, нема никаков проблем
. Ова правило беше исклучено само за книгите бидејќи... искрено, никој од нас немаше чуено за „таа и таа“ издавачка куќа (за книги, не музика) да го тужи „тој и тој“ за пиратерија на „таа и таа“ книга... мислевме дека шансите вакво нешто да се случи прв пат цо овој форум се мали, и затоа беше донесена таква одлука
... ОК е за книги, но не и за се останато
.
Не се вреѓај одма, не ни знаев дека е филм A не е поентава само мене да ми кажиш што е штосот, другиве да патат
Па ти можеше да пишеш „Giga ми го даде линкот, барајте го од него
“... немаше да направам проблем
... или и ти да пишеш „боље да не го гледате... мада кој сака да го гледа, нека ми пише ПП, ќе му го дадам“
.
И не се вреѓам не се секирај
. Очигледно не си ги следел муабетите меѓу мене и Maki... имам многу висок праг на толеранција
.