Жената е зло без кое не се може
Долго време беќар одев, убаво ми беше,
ама што се оженив, тоа не ми требаше,
беља што си зедов, кој ме ѓавол тераше.
Арно велат сите, од жена чувај Боже,
жената е зло без кое не се може.
Едвај решив да се женам, домаќин да бидам,
надрапав на чудна мома, лом направи дома,
леле што да правам, лом направи дома.
Арно велат сите, од жена чувај Боже,
жената е зло без кое не се може.
Свекрва и свекор нејќе пред очи да види,
с’л се кара, с’л се љути, сите сме ѝ криви,
а често започнува и да подмавнува.
Арно велат сите, од жена чувај Боже,
жената е зло без кое не се може.