Author Topic: Смешни слики  (Read 615411 times)

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Смешни слики
« Reply #1905 on 08.07.2017, Saturday, 02:55:56 (Edited 08.07.2017, Saturday, 03:40:00) »
Е сега и на мене со direct linking веќе не ми се гледаат :S.

Има екстензија за Chrome која го средува овој проблем.

Code: [Select]
https://chrome.google.com/webstore/detail/photobucket-embed-fix/naolkcpnnlofnnghnmfegnfnflicjjgj
Мислам дека нема за Firefox.

А не е лоша идеја и да си ги симнеме сликите, бидејќи како што тргнале работите, вака ќе заработат пари, ама на краток период. За месец или два, можно е воопшто да не постои Photobucket, а со тоа и сликите :S. Штета што нема bulk download :S. Мора една по една да ги симнувам :S.

Можно е и да сменат политика откако ќе видат која грешка ја направиле... ама сега за сега, не е лошо backup да имам од сликите.

Само не ми е јасно кој дебил од Photobucket решил ова да го направи. Има мал милион други начини да направиш пари ако ти фалат. Изгледа малку им беа pop-up-ите и рекламите од лево, десно, горе, долу и кај се не, па мораше и на ова да се решат.

И јас исто мислев, сигурен hosting, ова она... изгледа ништо нема сигурно во денешно време :S.

ПС: Само не знам дали ако отидеш десен клик --> View Image на сликата и откако ќе те однесе на сајтот на photobucket, дали ако си логиран со било каков account може да се види сликата... или дали евентуално може да се симне. Со мојот account ако сум логиран, може да ги видам сликите и да ги симнам, ама не знам дали може ако си логиран со нечиј друг. Ај некој нека проба и нека види дали функционира ова. Ако функционира, проблемот е делумно решлив... на некој начин :S.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Смешни слики
« Reply #1906 on 08.07.2017, Saturday, 06:06:31 (Edited 08.07.2017, Saturday, 06:08:47) »
После малку Гуглање, еве што најдов и што заклучив.

Прво, има опција за bulk download на цели албуми, така да, тоа е не е проблем, може да си ги симнете и не мора да им плаќате 400 долари за да ги симнете. Јас си ги симнав ;). Но ако ја симнете апликацијата за Android, добивате 8GB storage плус, бесплатно ;). Хммм... можеби треба да се размисли за ова, примамливо.

Се разбира, се шалам ;D ;D ;D. После ваква глупост, нема шанси и да ми даваат 10TB со бесплатен авионски билет до Лас Вегас ;D ;D ;D.

Второ, од тоа што успеав да најдам, 90% од Американциве блогери со секакви глупости на блоговите (како да растеш маслинки во Аризона и останато ::)), ги ставаат сликите на Photobucket, што значи дека имате барем 1 милион user-и кои ќе платат 400 долари... не поради друго, само за да си ги симнат сликите бидејќи дел од нив се на оние другите поевтини payment options, така да, кај нив е бетер ситуацијата ;D. Они не можат ни да си ги видат сликите ;D. Треба да платат за да може да ги видат и да ги симнат, инаку, не им дава опција за download на албумите ;D. Во оваа група на paying customers не спаѓаат Кинезите што продаваат на ebay и се останато од Источна Европа (вклучуваќи не и нас, нема шанси, за 400 долари ќе платам некој Кинез, ќе изработи нова скрипта, ќе ги среди сите линкови со сликите и ќе ми даде терабајт hosting со unlimited bandwidth за 10 години ;D), така да, ќе се случат една од две работи.

Изгледа Photobucket банкротира и оди на се или ништо. Или ќе собере доволно пари за да се врати во живот и ќе ја смири целата ситуација, односно откако ќе собере доволно пари, ќе ја скине забраната и се ќе биде као демек „се премисливме, увидовме дека ова не е добро, бла бла“ и за оние кои платиле во овој период 400 долари ќе даде нешто плус за да ги привлече да продолжат да плаќаат ::). 50% од нив ќе останат, 50% ќе си одат. Што да им правиш, Американци се, не им замерувајте... а гледајте и на светлата страна на работите, до пред 20 години 80% од нив ќе продолжеа да плаќаат.

Photobucket банкротира, ама нема да собере доволно пари за да опстане и ќе пропадне. Затоа, симнувајте си ги албумите. Ако некој има проблем, нека пише, ќе му објаснам како јас ги симнав ;).

Според мене, шансите се 50/50. Најголемиот дел од нивните претплатници (оние кои плаќаат за нивниот сервис) и онака се или од Западна Европа или од Америка, така да, судејќи по нивните плати и тоа дека многу од нив се ставаат online, а не сакаат да го изгубат како податоци, од слики од свадби до слики од мачки и кучиња, има прилично големи шанси да се врати се во нормала ;). Од друга страна, има огромен број на Источно Европјани и Кинези од ebay кои нема да платат. 400 долари е месечна плата тука. Во Кина... можеби и годишна. Ако за Американците е многу (а од тоа што читав online, многу е и повеќето од нив се бунат и не сакаат да платат... иако најголем дел од нив на крај ќе платат ;) :D), за нас е премногу.

Така да, препораката е следна. Симнете си ги албумите и почекајте месеци или два, да видиме што ќе се случи. Ако се излезе ОК, ако сакате префрлувајте слики на друг host, ако не, не мора (јас немам намера, што било, било, веќе еднаш го правев тоа со дебаклот со pic.mk, немам намера уште еднаш). Ако по некое време воопшто не ги јавува сликите и кога ќе пишете photobucket.com јавува 404... што можете или тоа што сметате дека е важно, префрлете на друг host. Што не можете (или не сакате... никој не ве присилува се разбира), ќе си остане текст без слика.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3188
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Re: Смешни слики
« Reply #1907 on 08.07.2017, Saturday, 10:21:54 »
...дали ако отидеш десен клик --> View Image на сликата и откако ќе те однесе на сајтот на photobucket, дали ако си логиран со било каков account може да се види сликата...

Сега пробав, јас не ја гледам...
Иначе си ги симнав моите слики од photobucket уште одма, ама што фајде, да барам сега која каде е по темите и пак да ги ставам од друг хост е mission impossible... ;)
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

If animals had a religion, humans would be the devil.

LightCraft Studio

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Смешни слики
« Reply #1908 on 08.07.2017, Saturday, 17:51:36 »
Знам, да, јасно ми е.

Ништо, јас ќе почекам да видам дали ќе се среди ситуацијата. Ако случајно не се среди, пропадне Photobucket или не ја повлечат оваа одлука, како ќе побаруваат членови, така ќе upload-ирам на друг host. Ги имам сликите, така да, само по име треба да ги барам на линковите.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Zan

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 883
Re: Смешни слики
« Reply #1909 on 09.07.2017, Sunday, 00:00:17 »
Воопшто не помислувам да им плаќам 400 долари, абе ни долар не им плаќам  ;D
Сликите ги имам, но треба многу време и работа за да се најде која од каде е и да се едитираат сите постови со слики.
Жан

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Смешни слики
« Reply #1910 on 09.07.2017, Sunday, 05:25:30 »
Јас веќе пишав, мислам да одам на on demand basis. Ако некој побара некоја слика, ќе ја побарам и ќе ја upload-ирам пак ;). Линковите ги содржат оригиналните file names, така да, не е проблем ;).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Смешни слики
« Reply #1911 on 17.07.2017, Monday, 13:57:05 »
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Смешни слики
« Reply #1912 on 04.08.2017, Friday, 00:27:48 »
Еве како се поправа казанче 8) ;D.

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline nsu

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1306
Re: Смешни слики
« Reply #1913 on 04.08.2017, Friday, 00:30:52 »
Чекај кај тебе да не е ова или рандом слика. Познавајќи ја твојата креативност не би ме зачудело полица мен
Кога си на дното во животот ќе дознаеш колку малку пријатели имаш

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Смешни слики
« Reply #1914 on 04.08.2017, Friday, 00:31:28 »
Кај мене, него како 8).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Re: Смешни слики
« Reply #1915 on 06.08.2017, Sunday, 14:14:45 (Edited 06.08.2017, Sunday, 17:28:10) »
Ви се случило ли ова!?? 8)

Offline LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3188
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Re: Смешни слики
« Reply #1916 on 06.08.2017, Sunday, 14:26:30 »
Лошо заземјување... :D
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

If animals had a religion, humans would be the devil.

LightCraft Studio

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Смешни слики
« Reply #1917 on 06.08.2017, Sunday, 17:25:33 »
Ахам ;D.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
Re: Смешни слики
« Reply #1918 on 06.08.2017, Sunday, 20:44:25 »
Нз од кај е пракса парно со водовод да се врзува. Кај мене дома значи ми се има десено да сум потпрен на парно и да го допрам комп. буквално бев парализоран 2-3сек. убива струјата. На некои местоа во дозните нулата е врзана со земја, некаде не води никаде. Ко бајаѓи еден електричар ги врзуваше, али уместо фаза и нула во 2-3 соби имаше две нули пуштено, па ги распоредував на ново фазите и од тогаш немам чепнато, ич не сакам да чепкам нешто што ( ивинете на израз ) посрал некој пред 30 год.
Филан чоек ми кажуваше како местеле уземјување на времето-  ставале една жица полметро во земја и ја посолувале, па така без проблем врвеле ма контрола... А се има дешавано при грмотевици да светка од чешма до лавабо :) интересно е за гледање ама не смееш вода да се напиеш и да се капиш.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Смешни слики
« Reply #1919 on 06.08.2017, Sunday, 21:31:26 (Edited 06.08.2017, Sunday, 21:34:06) »
Нз од кај е пракса парно со водовод да се врзува. Кај мене дома значи ми се има десено да сум потпрен на парно и да го допрам комп. буквално бев парализоран 2-3сек. убива струјата.

Тоа се случува пред се поради лошо изведените филтерски секции во примарот од SMPS напојувањата... верувај. Еве, кај мене дома (во зграда живеам, градена на времето, но по земјотресот) ми се има случено истото. Притоа, не сум се држел за ништо друго освен за самото куќиште... и нозете ми биле боси, практично стоев на мермена плоча. Ме има удрено неколку пати така струја, и точно знаев од што е. Стави ги компонентите кои фалат во примарот (спрегнатиот калем, филтерскиот кондензатор, кондензаторчињата од 680pF до 1nF за префрлување на EMI према маса, најчесто три се, две на почетокот, пред исправување на наизменичниот напон во еднонасочен и еден по исправувањето, од заедничкиот half bridge вод према маса), нема проблем, од тогаш наваму не ме удрило струја.

Верувај, пред се од лошо изведените напојувачки секции на уредите се случува ова. Ова порано било реткост и навистина, можеби и порано се случувало, ама многу поретко... освен, како што пиша, ако не е изведено заземјувањето на шашма (нуловано, итн.). Во денешно време, скоро секоја напојувачка секција е изведена како SMPS и треба многу да се пази при филтрирањето во примарот од уредите. Арно ама, Кинезиве, знаеме, штедат на се. Видите како се изведени најевтините SMPS напојувања за PC, од 500 денари, па ќе правиме муабет што се фали, а требало да стои ::). И не се проблем само тие, цела плеада на уреди со SMPS напојувања се изедени на сличен начин, од монитори, телевизори, па се до 5.1 засилувачи/DVD плеери (од оние петпарачнине).