Сликата со Ајфон ја отсликува реалната состојба кај луѓето, посебно кај младите. Немаат пари за основни работи ама мора да имаат Ајфон, мора да покажат статус кои се они! Не дека ги интересира нешто ајфонот туку битен е статусот во друштвото, тоа им е престриж. Повеке од очигледно е дека не може да се докажат со своите интелектуални способности, добрина, култура, воспитање.... уствари што зборам, овие карактеристики одамна се демоде за жал секако. Да се навратам на муабетот, ако човек сака телефон со добар процесор, РАМ меморија, графичка, екран, тоа може да го има и со друг бренд како на пример Samsung кој е всушност и подобар во многу нешта од Ајфон. Па и не мора Самсунг, може и HTC, Алкател, може и Хуавеи кои се одлични. Потполно исто е и со автомобилите, јак фраер си ако имаш нов модел на BMW, Ауди и сл. и твои се повекето девојки..... замислете потполно исто е и во моето хоби Радиоаматеризам каде има супер добри ентузијасти и со по евтини радио станици бидејки толку им се можностите а има и луѓе кои не можам да ги наречам радиоаматери (ама имаат скапи радио уреди и они се главни фраерчиња кои прават поделби и раздор) бидејки немаат ни Р од радиоаматеризам, немаат основна култура, понашање ниту пак знаат што е тоа ХАМ спирит, како дошле до диплома...хммм... тоа треба се да иде на ревизија и проверка преку тестирање. Ете иста ситуација беше во 1998 година кога го купив првиот мобилен телефон Алкател, во тоа време непозната марка. Одма се најдоа куп луѓе да викаат абе бегај што е тоа Алкател, не чини... за мене само Нокиа и Ериксон! Пазете истите тие "мудреци" немаа фатено мобилен телефон во рака.