Не се замарајте со тоа.Во последно време( десетина години) се измешаа работите бидејки и црквата се замеша ,па стана обичајот карма-каша!
Прво.Коледе не е христијански празник,не е ниту празник.Останало од старите да се пали огин во знак на сеќавање на старите обичаи пред христијанството.Зошто - црквата не го признаваше Коледе,бил пагански обичај.Сега велат дека коледарчињата го најавувале Христовото раѓање( чиста глупост),па испаднаа Бадникари и делење бадникови гранчиња ( ова е пренесено од Србите и започната во некои краишта (Скопје ,Куманово,воглавном на север).Тоа за жал не е Македонски обичај.Јас имам пасија да ги истражувам обичаите во Велес и Велешко и да знаете ,еден старец го кажа ова - кај нас коледарски оган се прави како еден вид одбележување на почерокот на растењето на денот и привикување на пролетта.Порано имало големи снегови и старите наши си правеле вакви поседенки да не се заборават,да се дружат.Се пееле и * мрсни* песни (срамни што се вика) чија цел била младите да се запознаат со сексот ,со спротивниот пол,да чујат од старите на еден хумористичен начин за тој чин и да не бидат непросветени.
Еден мој сограѓанин дури има издадено и книга збирка на мрсни песни,а маалото Којник е познато по најголемиот коледарски оган во Македонија ,по гравчето и колбасите,по мезето и ракијата која се служи,иако според црковните канони Коледе е посен ден.Денес прв ден Божиќ се јаде мрсно,ама кај нас питите пастрмајлии,колбасите,гравот и џимиринките се веќе изедени ден порано.Е,сега секој крај со свои празнувања - но на Бадник е останато да се прави лепче со париче,зелник посен и се јаде посни јадења.Василица или Стара Нова година е друг празник и адетите се василичарски - со маскенбали,посети на домовите итн.Но едно е сигурно,старите знаеле да си го направат интересен овој дел од годината ,кога поради студот ,снегот ,не се испаѓало на улица,освен по голема потреба.На овој наќин луѓето се дружеле,секој давал колку што имал и сите биле задоволни.Среќни празници!!