Земи фибер и малку резбари,тоа ти е најлесна опција.Фиберот нека биде од оние за електрични табли за осигурачи,ги има дебелина 1 см.Прво продупчи соодветни отвори,па потоа исечи и стругај!
А што е фибер? Кај може да се купи?
Пробај со епокси лепак за железо тоа е доста јак лепак и доста време ќе држи,го имаш во иат алати у аеродром,за цена незнам ама кога ќе проаѓам од таму ќе прашам.
Има посебен лепак за железо? Не зум знаел, фала
. Ај ако можеш и за цената прашај ако случајно си во близина, да не „шпартам“ за џабе, не ради друго ако е 500 денари лепакот а 800 денари ми е нова оска, подобро да си купам нова оска :S, барем нова ќе биде, не е исто крпено и ново
.
тој што си го прашувал за заварување знае да заварува и со што апарат заварува знаеш???ако е некоја алуминиумска легура сигурен сум дека со ТИГ постапка на заварување може да се завари...
Човекот си има негов апарат за швајцување (иако моментално не му е дома, така да не можевме да пробаме), за заварување прашал некој некој негов пријател и му рекол дека „ова чудо не се вари“ :S.
А инаку да, ми спомна дека ова е легура на алуминиум и олово (барем така ми кажа, не знам дали навистина е легура на алуминиум и олово, мада според тежината на самото делче личи дека има алуминиум во него).
А каква е таа ТИГ постапка на заварување (ако може некој подетално да објасни, лаик сум за вакви работи, потешко нешто од леткум немам држено
), може да се завари со неа ваква легура? Скапа е таа постапка? Колку би ме чинела?
Го имав истиот проблем и го решив така што земав од електрометал еден лепак за железо незнам точно како се вика но отиди со делот таму и ќе ти објаснат они се.Ако нема во електрометал во меркур има сигурно.
Си го имал истот проблем со Kirby оска или сличен проблем со слична легура?
Не се мачи да го лепиш, кога тогаш пак ќе се скрши, него пошто е едноставна форма направи си ново, како што рече Батката од фибер, или ако најдеш некое парче дебела пластика, плексиглас, на крајот може и од дрво. Ако сепак се решиш за лепење, тогаш стегни го со некоја железна жица или сл. и остај ја така да биде појако.
Па и мене тоа ми е страв, дека веќе еднаш го лепев со двокомпонентен и се скрши :S, сепак станува збор за потешка правосмукалка, тежи некаде околу 12, 13kg (вака од прилика, може малку помалку, малку повеќе, ама тука некаде е), така да оската треба да ја издржи таа тежина
.
ако може да се завари тоа му е најдобро решение...
Па и јас тоа мислам, само не знам со која постапка... :S
јас дома имам еден лепак го земав за 270 денари така да првин елементот го чистам со една течност па потоа со лепак нанесувам и по 5 часа не смее да мрдне!Поточно на местото каде што било распукано никогаш нема да се скине,само на некое друго место!!
Не верувам дека ќе држи со било каков лепак бидејќи тркалцето е константно под удар :S, најголемиот дел од тежината на правосмукалката оди на него, а плус и така е дизјанирана првосмукалката да константно се дига тркалцето горе долу и спушта пак назад, и кога удира назад на земја, удира со целата тежина на правосмукалката :S, така да не верувам дека ќе помогне многу лепење. После лепењето со двокомпонентниот, правосмукалката не „истера“ ни 15 минути (се разбира почекав 24 часа да се исуши лепакот), после 15-тина минути употреба, пак се скрши оскичето :S.