тоа со SOPA и PIPA им било нешто како да ја отргнат јавноста од ACTA, што било „она вистинското“, тоа што треба да се плашиме...
Па да, изгледа, овој закон бил договаран тајно 3 години наназад, што значи дека најверојатно ова со SOPA и PIPA било само диверзија. Или евентуално „психичка припрема“ на интерент корисниците за овој закон. А можеби и двете, кој знае...
Искрено ме изненадува колку малку луѓе знаат и се интересираат за ова. Не знам дали се свесни што може да се случи ако вакви закони стапат на сила било каде, па и во Македонија (што доколку се донесат во EU, не верувам дека сме многу далеку од тоа).
Ќе видиме, времето ќе покаже, можеби и ќе има заинтересираност. Старите генерации знам дека не се интересираат за вакви работи (битно е само да има серии
), новите генерации не ги интересира ништо друго освен FB и што ќе облечат вечерва во град, така да, до некаде јасно ми е зошто не се дига многу голема фама околу ваквите работи.
Ова е мое мислење, не значи дека работите се вакви, мислењето е субјективно. Немам намера никој да навредам со ова, едноставно, така гледам на работите.