да само америка нешто страшно се зафркна, тие ок пробват да ја запрат пиратеријата тоа е сето ок и јас го поддржувам тоа иако јас сум еден од тие кој користи пиратски софтвери
Јас пак не сум за ова бидејќи и онака тие компании и фирми кои се за цензурирање на интернет содржините веќе прават грдни пари, така да, ова само ќе ги збогати уште толку. А да не го спомнувам фактот што ќе се цензурира се, и тоа што треба и тоа што не треба под закрилата дека е „ризик од појавување на пиратерија, ризик по националната безбедност“, или што и да е, иако тоа може да биде само објаснување на работата на некој патент кој (на пример) им објаснува на луѓето како лесно и едноставно да направат некаков тип на машина која користи бесплатна енергија (сонце, ветер, што и да е), бидејќи во тој случај, на нафтените гиганти „ке им прпа“. Релано гледано, ова е само уште еден начин на контрола на богатите, преку валдини регулативи, за нивно уште поголемо богатење.
но сето ова е претерано, пошто америте се плашат да не излезат во јавност работи кој не смее да излезат, како што беше со викиликс
Тоа е башка муабет, тоа е за нив позитивна нуспојава на овој закон... а може и да е обратно, можеби ова е првична причина за поставувањето на овој закон, кој знае, можеби целата оваа кампања дека „пиратеријата им прави шетата на бла бла бла компании“ е само фасада, зад тоа се крие тоа што го спомна, недозволување на ширење на вакви информации на интернет, бидејќи со овие закони се опфаќа и цензурирање на вакви содржини... во принцип, законот офаќа цензурирање на било каков тип на содржини кои не им се допаѓаат на валдата, или на определени фирми/компании/индивидуи блиски до владата.
законот важи за америка, јас цврсто сум убеден дека европска унија ќе се распадни кога тогаш
и овај закон тешко дека ќе се префрли на овај „стар“ континент
со овај закон америка само си прави штета, зошто јас би хостирал нешто кај ним ?!, истото тоа моам да го хостирам на некој хост пр. шведска, русија, бугарија, па и кај нас
зошто да им плаќам на американците
со ова пола страници ќе се префрлат на европски/азиски хостови
Не викам дека не е така, сосема се сложувам со се што пиша, но искрено, има само еден проблем со таа теорија, што ако законот се воведе на Европско тло пред да се распадне EU? Во тој случај ние како добри почитувачи на законските регулативи и норми на EU ќе мораме да го воведеме. Во тој случај ќе ни останат само Шведските и уште некои други Азиски сервери за кои не важи овој закон. А да не го ни посмнувам фактот што не може сите да се префрлат на Азиски или некои други сервери. Америка е најголемиот host (се разбира, од таму потекува интернетот
), на нитуеден друг континент нема толку сервери како што има таму. Нема да може серверите на другите континенти да се справат со побарувачката, така да, ќе настане flooding и што уште не на тие сервери, а ќе останат во работа цензурираните.
Јас искрено само се молам да не дојде до оваа ситуација, бидејќи тогаш сите ќе бидеме завземени од ова, а искрено, не ми е многу битно дали во Америка ќе се донецеовој закон или не, но проблемот е што може прерано да влијае и на Европските закони, па да се донесе овој закон и во EU и да дојде до онаа ситуација која ја опишав.