Мислам дека сите се во затвор, ама сега мислам дека ќе има повторно некое судење заради неправилности, а и да не се лажиме Шведска е тоа, кога тогаш ќе излезат, еве го ким дотком, и него го уапсија и се му поништија и пари му запленија и што уште не, па ене го пак не си ги знае парите, си најде дупка во законот и сега пак има нова страница, откако му ја затворија megaupload, после некое време ја стартова mega, и никој ништо не му можи, сега му се криптирани податоците и никој не знае што се случува и што има на банка
Не знам дали се во затвор, во докуметарецот беа на некои острови
, не знам каде
. Ама ова беше пред една година, кој знае, сега можеби и ги екстрадирале и затвориле
.
Сега ми текна... мислам дека имаше во документарецот кажано дека само еден од нив лежи затвор, други двајца побегнаа. Е каква е ситуацијата сега, не знам, можеби сега сите тројца лежат, кој знае.
Како и да е, да видите како изгледа Шведски затвор и вие ќе сакате таму да лежите робија
. Ко хотел е
, имаат соби, кога сакаат излегуваат од нив, кога сакаат си влегуваат, кога сакаат си се шетаат низ дворот на затворот (кои се прилично големи и повеќе личат на национални паркови отколку на затворски дворови
, зеленило насекаде
), може да си донесат лаптоп, имаат Wi-Fi
. Абе милина
.
Dotkom е друга приказна. Он ептен се наполни пари. Швеѓаниве беа пред се за „слобода на информации“. Dotkom само пари го итересираа, он не се замараше со „виши цели“. Затоа и повеќе го кркаа Швеѓаниве... барем од правен аспект. Они немаа кој знае колку пари, а и оние кои ги заработуваа од рекламите на TPB, сите ги вложуваа во хардверска инфраструктура на TPB. Само tracker-от им е два rack-а преполни со сервери
. Половина планета го користеше тој tracker бесплатно, кој сакаше можеше да си ги стави адресите на листа на tracker-и на негов torrent
. Баш имаа некои информации дадено на сајтот дека 80% од сите torrent-и на планетава имаат барем една адреса од нивен tracker во torrent-ите
.
Бугарите ја имаат замунда, имаш практично се. Бугарија одби да го потпише АСТА така што таа страна е сеуште активна и никој не одговара, исто како никој за ништо што не одговара во таму
Бугарите се во таква позиција да може да си дозволат да не попуштаат. Кога ќе бидат во неповолна позиција, и они ќе попуштат... исто како што попуштија и Украинците со Demonoid.
Освен тоа, Zamunda не дозволува bot scrape, што значи дека не ја јавува на search engines како Google
. Keep it under the radar, тоа е најпаметно за вакви работи
. Кој знае, знае, кој не, има начин како да дознае... ако сака
.
За вакви работи, само Русија
. Они никогаш нема да попуштат
. Сите им се плашат
. Сервер во Русија и бркај работа
. Ене ги rutracker
. До ден денеш постојат, а што се не share-ува. Денес излегува BluRay во малопродажба, утре го имаш како full untouched RIP на rutracker
. Само што сменија адреса, да не биде .ru
... ептен ги замолиле, да не „бодат очи“ со тоа .ru
. И што, пак си постојат исто како и претходно
. Дури и bot scrape имаат дозволено, ги вади како search results на Google и уште на еден куп други search engines
... ама ај иди закани им се и води антипиратска тужба на Руско тло
.