Author Topic: Мојата/Вашата работилница  (Read 112302 times)

Offline Bojan

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3235
  • Gender: Male
  • Turn it ON and keep it ON
ќе биде тоа некој ден...да видам само некоја слика дали имам направено додека го правев да не ми биде се на празно објаснување :D
Теоријата е ,кога се знае се,а ништо не функционира.Праксата е кога се функционира ,а не се знае зошто.Ние во Македонија успешно ја спојуваме теоријата и праксата ,при што ништо не функционира и никој не знае зошто!!!
(позајмено од batka)

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Во куќа.

Не знам дали имаш слободен простор во доворот, но ако е куќа, скоро секогаш имаш слободен простор некаде ;). Не може да нема двор ;D, колку и да е мал, го има ;).

Јас вака би играл. Ќе почнам да собирам пари. Ама, сериозно да собирам, значи не да соберам 50 евра и толку. Значи, би се откажал од ужинки, нова облека, што и да е што можам да скријам од моите дека е купено, ќе скријам (не сум купил) и парите на страна би ги ставал. Кога ќе имам некаде околу 300 евра, ќе отидам кај моите и ќе им кажам „Вака и вака, јас сакам да имам мој простор за работење, мое катче, не мора да е многу големо, ама сакам да имам. Имам соберено некој денар, ќе инвестирам во градежен материјал, ќе се консултирам со некои другари и постари како треба да го направам тоа, да изградам мала работилница, лепенка до куќата. Ако ме сваќате, арно, ако не, јас ќе си терам работа, само ве молам да не ме спречувате и попречувате“.

Ќе видиш, во 90% од случаите попуштаат ;). И не само тоа, најверојатно и ќе ти помогнат ;). Дали финансиски, дали со знаење, не е важно, ако си доволно упорен и ако видат дека навистина имаш желба, ќе ти помогнат ;). Само, да не се откажуваш, бидејќи ако видат дека овој еден ден ова сака, друг ден друго, и јас не би сакал да трошам време и пари на цела работилница, за потоа да направам остава од неа.

Во денешно време, не мора ни многу пари да потрошиш, се се прави со пластика, изолација и дрво. Само подолгата треба да ти биде бетонска. Е сега, зависи како си замислил се тоа да излезе, но, ако сакаш навистина евтино да поминеш, може да земеш и од некоја рушевина цигли и да ги носиш дома. Тоа е најевтино. Само за малтер ќе платиш ;). За да ги собереш парите ќе ти треба некое време, ама по пат, како што ги собираш, ти собирај си и материјал од кај знаеш и умееш (нека видат и твоите дека си сериозен ;)). Видиш некоја распадната куќа, пројди, земи што ти треба, донеси дома. Кога бев дете, јас вака имам собирано цигли за шупата што ја градеше вујко ми. Не дека немаше, ама уште малку му фалеа за да догради еден дел, а немаше пари во моментот, па ај, прати ме мене и братучед ми да собираме материјал ;D. Не поради друго, знаеше дека ако не фатат нема ништо да ни направат, деца сме ;D.

Поентата ми е, ако сакаш, ќе најдеш начин ;). Да, тоа значи да си прилично истраен и стрплив, но ништо во животот не доаѓа лесно. Ова некои го учат на 5, некои на 10, 15, 20, 30 години... но кога тогаш, мораш да го сватиш и научиш. Повеќето работи во животот за кои вреди да се бориш, доаѓаат полека, но затоа, кога се ќе биде готово... ќе застанеш на страна и ќе видиш што си успеал да направиш... ќе видиш, горд ќе бидеш ;).

@Bojan: Да, отвори тема. И јас баш гледав вакви готови модули за контрола, главата за леење на пластиката, ова она, ама не навлегов многу во тоа што точно треба да се купи.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline DimitarMK

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 51
Re: Мојата/Вашата работилница
« Reply #347 on 16.03.2018, Friday, 00:39:37 (Edited 16.03.2018, Friday, 10:30:30) »
Мал апдејт од ова



во ова



Сеуште не е средена работилницата како што замислував, но полека полека ќе ја биде. Големите работи се завршени, поставена е изолација и сега може комотно да се работи и во зима и во лето. :)

Offline LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3188
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Браво, веќе заличува како што треба... ;)
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

If animals had a religion, humans would be the devil.

LightCraft Studio

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Да да, одлично ;). Супер изгледа, одлично мало катче ;). Ај, со време нека расте и нека се развива ;).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline DimitarMK

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 51
Re: Мојата/Вашата работилница
« Reply #350 on 21.03.2018, Wednesday, 02:16:33 »
Другиот дел од катчето е празен сега за сега, инаку е 15m2 просторот. :)

Инаку, дали некој знае кај можам да најдам ваква подлога за работната маса со поголеми димензии?

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Мојата/Вашата работилница
« Reply #351 on 21.03.2018, Wednesday, 05:34:02 »
На работа со линолеум ги покривме работните маси ;). Не знам дали е линолеум, на површината има дезен на паркет и е направен од некаков вид на пластика, ама брка работа ;). Е сега, треба да го менуваш на определено време, ама еве, веќе 3 години ни тера со секојдневна работа, тек сега треба да го менуваме, ама нема да го менуваме, само ќе го заротираме за 180 степени (горниот дел од масата долу, долниот горе) и пак имаш нова површина за работа ;).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline SKOLS_OLD

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2782
  • Gender: Male
Во последно време се позанимавав со суредување на работниот простор каде што 1/4 од денот го поминувам работејќи.Поставив нови полици,работни маси(бироа),монитори,инструменти кои дел се направени рачно,другите се купени,ново осветлување,фиокички за делови,итн.Се надевам во блиска иднина ќе ја надоградувам мојава работилница со други работи.Еве неколку слики од нејзе-
48398426-792094237797989-206219710801379328-n" border="0
49061403-2334468359960703-3638336078559051776-n" border="0

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Toa „кувач јаја“ ти е 100% рачна изработка ;D ;D ;D.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline SKOLS_OLD

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2782
  • Gender: Male
Кувачот ми е за да пофаќа прашина  ::) ::) :P .

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Купатилото, ама во моментов, може да биде се, па и работилница ;D.



















"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Mkdsime

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 158
Re: Мојата/Вашата работилница
« Reply #356 on 09.06.2019, Sunday, 00:45:57 (Edited 09.06.2019, Sunday, 01:17:01) »
Ти ли ќе лепиш плочки, не сум лепел јас па што велиш за овие "Помагала" или некои сл.

Code: [Select]
https://www.ebay.com/itm/292959847609

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
Последниот мајстор за плочки би го обесил и тоа на промаја да се лелка, водата наместо да оди в сифон, како да бега од него.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Ти ли ќе лепиш плочки, не сум лепел јас па што велиш за овие "Помагала" или некои сл.

Не бе, бе бегај, потоа јас да си го кркам цел живот зашто некоја плочка била на криво ;D... жени ко жени, ќе најдат причина за карање и негодување, за тоа се махери ;D.

Шала на страна, немам лепено плочки до сега... со еден пријател, кај него дома, нешто ми покажуваше, залепив неколку, ама далеку од тоа дека сум реновирал купатила или дека сум експерт за тоа... за рушење, може, ама не и за лепење плочки ;D. Затоа и си платив човек... рушеше, цевки ставаше, во понеделник, здравје боже, ќе става и плочки, потоа санитарија и така :).

А инаку, да, тие од линкот многу корисни се :). Пријателов со такви дистанцери работеше и ги има да се купат кај нас, ама пластични се и не се со оној дополнителнителниот дел (црното со црвенко) за вадење. Неговите беа пластични и малечки и стигаа во кесенце и може да поставиш повеќе, на пример, на 15, 20 плочки измеѓу да ги ставиш, па потоа да ги извадиш и да ги искористиш за наредните 15, 20 плочки :).

Последниот мајстор за плочки би го обесил и тоа на промаја да се лелка, водата наместо да оди в сифон, како да бега од него.

Не направил добра косина :-\... ќе видиме мојов во понеделник што ќе направи ;D... за кршење, супер крши, ама не знам како лепи ;D.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
Re: Мојата/Вашата работилница
« Reply #359 on 09.06.2019, Sunday, 01:29:12 (Edited 12.06.2019, Wednesday, 21:00:45) »
Е за лепење е маката, за кршење и ја ќе го искрша :D.
Да, наместо надолу, рамни се плочките и водата не може да се слее убаво во сифонот.
А гледам пластични сефки редиш со топење што се спојуваат? Мислам дека се прав избор, па макар и однадвор, како сум го јадел со тие алу-цефки, ми идеше вуста да му ги напика на тој што ги местеше, ко бајаги некој си (во тоа време, пред 10-ткна год) нов француски ситем, за 5-6 годиње све поплава се направи, цела ли ија за топла вода ја менував, капак имплочките беа нови не ми се кршеа. Не ми се ни бушеа, па ги прицврстив со помали штрафчиња кај фугата. Еве ги спојките за тие "алупласт" или како и да се викаат