Во куќа.
Не знам дали имаш слободен простор во доворот, но ако е куќа, скоро секогаш имаш слободен простор некаде
. Не може да нема двор
, колку и да е мал, го има
.
Јас вака би играл. Ќе почнам да собирам пари. Ама, сериозно да собирам, значи не да соберам 50 евра и толку. Значи, би се откажал од ужинки, нова облека, што и да е што можам да скријам од моите дека е купено, ќе скријам (не сум купил) и парите на страна би ги ставал. Кога ќе имам некаде околу 300 евра, ќе отидам кај моите и ќе им кажам „Вака и вака, јас сакам да имам мој простор за работење, мое катче, не мора да е многу големо, ама сакам да имам. Имам соберено некој денар, ќе инвестирам во градежен материјал, ќе се консултирам со некои другари и постари како треба да го направам тоа, да изградам мала работилница, лепенка до куќата. Ако ме сваќате, арно, ако не, јас ќе си терам работа, само ве молам да не ме спречувате и попречувате“.
Ќе видиш, во 90% од случаите попуштаат
. И не само тоа, најверојатно и ќе ти помогнат
. Дали финансиски, дали со знаење, не е важно, ако си доволно упорен и ако видат дека навистина имаш желба, ќе ти помогнат
. Само, да не се откажуваш, бидејќи ако видат дека овој еден ден ова сака, друг ден друго, и јас не би сакал да трошам време и пари на цела работилница, за потоа да направам остава од неа.
Во денешно време, не мора ни многу пари да потрошиш, се се прави со пластика, изолација и дрво. Само подолгата треба да ти биде бетонска. Е сега, зависи како си замислил се тоа да излезе, но, ако сакаш навистина евтино да поминеш, може да земеш и од некоја рушевина цигли и да ги носиш дома. Тоа е најевтино. Само за малтер ќе платиш
. За да ги собереш парите ќе ти треба некое време, ама по пат, како што ги собираш, ти собирај си и материјал од кај знаеш и умееш (нека видат и твоите дека си сериозен
). Видиш некоја распадната куќа, пројди, земи што ти треба, донеси дома. Кога бев дете, јас вака имам собирано цигли за шупата што ја градеше вујко ми. Не дека немаше, ама уште малку му фалеа за да догради еден дел, а немаше пари во моментот, па ај, прати ме мене и братучед ми да собираме материјал
. Не поради друго, знаеше дека ако не фатат нема ништо да ни направат, деца сме
.
Поентата ми е, ако сакаш, ќе најдеш начин
. Да, тоа значи да си прилично истраен и стрплив, но ништо во животот не доаѓа лесно. Ова некои го учат на 5, некои на 10, 15, 20, 30 години... но кога тогаш, мораш да го сватиш и научиш. Повеќето работи во животот за кои вреди да се бориш, доаѓаат полека, но затоа, кога се ќе биде готово... ќе застанеш на страна и ќе видиш што си успеал да направиш... ќе видиш, горд ќе бидеш
.
@Bojan: Да, отвори тема. И јас баш гледав вакви готови модули за контрола, главата за леење на пластиката, ова она, ама не навлегов многу во тоа што точно треба да се купи.