Брумот кај аудио засилувачите може да дојде од неколку места:
1. Изворот на напојување.
1.а - Недобро исфилтрирано напојување (фалат кондензатори).
1.б - Неквалитетен трансформатор (зрачи магнетен флукс и надвор).
1.в - Изворот на напојување (трансформаторот) е преблиску до плочката, каблите, влезот и слично.
2. Изворот на сигнал.
2.а - Изворот на сигнал е со брум.
2.б - Кабелот не е оклопен или поминува покрај кабли за струја или трансформатор/и
2.в - Има прекин во кабелот (откачен е оклопот на некоја страна).
3. Ground Loop (ова ако го преведев ќе беше смешно).
Ова е потешко за решавање, имено се работи за тоа кога двата уреди се заземјени во 2 точки. Значи, влезовите на појачалото и изворот на сигнал се поврзани меѓу себе а двата уреди се уште еднаш заземјени преку заземјувањето (штекерот). Има 2 решенија. Првото решение е уредите да се исклучат од заземјувањето на штекерите а второто е да оди жица паралелно до жицата што носи аудио сигнал (таканаречена средна жица, постојат и такви аудио кабли со средна жица) и таа да се приклучи на шасиите и на двата уреди што е можно поблиску до влезот/излезот на уредите.
Тоа е тоа, сега треба да немате брум во аудиото.