јас најдов некои шеми, ама па никои такви како што ми требаат....оваа немоше да се преправи некако за поголем напон и струја да има..
http://freecircuitdiagram.com/2008/08/15/adjustable-0-30v-power-supply/
Споено мислење: [time]29 Септември 2010, 18:38:18[/time]
си тупев денеска мозокот и испадна вакво нешто...
значи како функционира...
првин стабилизаторот е изведен со зенер диода од 40V (незнам дали има толкава стандардна вредност, ама па има нешто блиску до тоа сигурен сум...). после тоа со потенциометарот од 10К се менува напонот што се носи на базата на транзисторот BD139 и после тоа тој напон се носи до базата на моќните транзистори 2N3055 (може и 3 такви да ги ставам...) и напонот си тера на излез...после тоа двата отпорници поврзани со лизгачот на потенциометарот формираа напонски делител што напонот го дели на два еднакви дела. тој напон се споредува со напонот донесен на инвертирачкиот влез од операцискиот засилувач кој е добиен од делителот на напон поставен на излезот на стабилизаторот. и бидејќи операциските засилувачи тежнеат да ја неутрализираат потенцијалната разлика на напоните донесен на неговите влезови, на неговиот излез ќе се појави некој напон кој што е збир од падот на напоните од транзисторите (околу 1,6В) и така напонот (би требало...) цело време да си остане константен без разлика на падот на напон од транзисторите...
па што мислите вие ке функционира??? иначе ова е само стабилизаторот за напон, ако ова функционира како што треба тогаш ке го мислам и струјното ограничување...
Споено мислење: 29.09.2010, Wednesday, 20:51:08
мал едит...тоа што се напонските делители нема напонот да го делат на пола, него на 1/4ка од напонот на напојување...така зашто максималниот диференцијален напон на 741 е +-15V а ако напонот се дели само на пола ке биде 20V...