Во пракса, најголем број на проблеми се јавуваат со сериските PIC програматори ( јдм..и.т.н. ).
После тоа следат паралелните ( таит програматор ), и на крај, со најмал број проблеми ( речиси воопшто и да ги нема ) се официјалните програматори на микрочип ( PicKit2 ).
Во техничката документација на микрочип за условите на програмирање, е детално опишано речиси се`.
( затоа таа е на околу 500 страници )
Ентузијасти, кои располагаат со соодветна лабораториска опрема, забележале и рефлексија на сигналите дадени од порт на персонален компјутер. Оваа појава се случувало на поголем рејт на трансфер на податоци, кога кабелот бил подолг од околу 20 центиметри, имал мала импеданса, а влезовите на чипот биле со голема импеданса.
А и според ер ес 232 стандардот, сите пинови на дб9 портот, заедно, не можат да дадат доволна моќност само за напојување на најголемиот број микроконтролери, кога се во програмски мод.
Затоа, ако сакате квалитетен програматор, и никакви фрустрации од типот „овој микроконтролер не се програмира“, „портот на овој компјутер не чини“, за да се сконцентрирате само на развојот на софтвер за микроконтролери, користете ги програматорите кои што ги произведува микрочип.