Author Topic: 25000W засилувач  (Read 22896 times)

Offline Bojan

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3235
  • Gender: Male
  • Turn it ON and keep it ON
Одг: 25000W засилувач
« Reply #45 on 21.09.2010, Tuesday, 22:05:13 »
важно со 2 почнува и има KW...тоа е важно :D
Теоријата е ,кога се знае се,а ништо не функционира.Праксата е кога се функционира ,а не се знае зошто.Ние во Македонија успешно ја спојуваме теоријата и праксата ,при што ништо не функционира и никој не знае зошто!!!
(позајмено од batka)

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: 25000W засилувач
« Reply #46 on 22.09.2010, Wednesday, 00:44:26 (Edited 22.09.2010, Wednesday, 00:47:04) »
Јас барем колку што знам, во Македонија немало озвучување од 25KW, иако определени луѓе (и организации) сакаат да се фалат дека имало на нивниот концерт/свирка/журка озвучување од 25KW или 30KW (па еднаш дури имам чуено и 40KW). Може да имало од 15KW или од 20KW, ама не верувам да имало од 25KW.

Имам чуено како звучи озвучување од 40KW; и верувајте дека целата локација во радиус од 5km ечеше, само не на лош начин, не зборувам за „исклипувани“ 40KW. Кога ќе се приближиш до сцената ти се чини дека исто се слуша како и на 100 метри од сцената... е тоа е добро наместено озвучување ;).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: 25000W засилувач
« Reply #47 on 22.09.2010, Wednesday, 07:49:36 (Edited 22.09.2010, Wednesday, 07:52:43) »
40 Квати подобро се слуша на 2-3 км одколку долу на сцена на 100 м од ѕидот звучници.20 и повеке КВ имаат групи како Пинк Флојд,Ролинг Стоунс итд. Кај нас на Балканот не сум чул повеке од 10-12 КВати.Трите концерти на Бјело Дугме беа со реални 6-7000 вати и беше доволно!И друго : со едно појацало не се прави такво озвучување! Се врзуваат 20-30 парчиња,сите со еднаква јачина,па активни кросовери,лимитери ,миксери,субмиксери.....Најбитен е системот за мониторинг,да знаат луѓето на сцена што пеат и свират...

Offline SKOLS_OLD

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2782
  • Gender: Male
Одг: 25000W засилувач
« Reply #48 on 22.09.2010, Wednesday, 08:47:41 »
а кога имаше еден концерт на Градскиот стадион (незнам кој имаше концерт) но многу гласно беше иако јас живеам на 4 километри од него!!Дали формата на стадионот ја дава таа јачина или има користено некои појаки појачала(појачало)??

Jove

  • Guest
Одг: 25000W засилувач
« Reply #49 on 22.09.2010, Wednesday, 09:21:41 (Edited 22.09.2010, Wednesday, 09:23:34) »
мозеби на концертот немало толку озву4ување  јас така писав бидејци имасе лугје од сцената тоа сто го казуваа ???

Споено мислење: 22.09.2010, Wednesday, 09:23:34
важно со 2 почнува и има KW...тоа е важно :D
хахахах цар сси бе чоек

Offline z33dgm

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 120
Одг: 25000W засилувач
« Reply #50 on 22.09.2010, Wednesday, 10:09:06 »
Во Штип кога имаше свечено отварање на радиото на Телекабел мислам од Англелс Кафе музиката се слушаше 10км од градот

Jove

  • Guest
Одг: 25000W засилувач
« Reply #51 on 22.09.2010, Wednesday, 11:05:08 »
е такво еднои за дома да си имам ;D ;D :D

Offline SKOLS_OLD

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2782
  • Gender: Male
Одг: 25000W засилувач
« Reply #52 on 22.09.2010, Wednesday, 11:16:07 »
има да грми!!! >:( ;D ;D :o

Offline Bojan

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3235
  • Gender: Male
  • Turn it ON and keep it ON
Одг: 25000W засилувач
« Reply #53 on 22.09.2010, Wednesday, 12:37:34 »
нема да грми, куќата ке ти ја сруши :D
Теоријата е ,кога се знае се,а ништо не функционира.Праксата е кога се функционира ,а не се знае зошто.Ние во Македонија успешно ја спојуваме теоријата и праксата ,при што ништо не функционира и никој не знае зошто!!!
(позајмено од batka)

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: 25000W засилувач
« Reply #54 on 22.09.2010, Wednesday, 13:35:01 »
а кога имаше еден концерт на Градскиот стадион (незнам кој имаше концерт) но многу гласно беше иако јас живеам на 4 километри од него!!Дали формата на стадионот ја дава таа јачина или има користено некои појаки појачала(појачало)??

Да, до формата на стадионот е, не е наменет тој за концерти, нема таква акустика. Но сепак, со правилни мерења и опрема (што најчесто не се користат кај нас, што викаат старите, начесто звукот се мести на „бафтана“ од страна на приучени „тон мајстори“, а не ретко и дечките кои го донеле „звукот“ сами ги местат звучниците и кога тон мајсторот ќе им каже дека не требале таму да бидат наместени или дека треба да се преместаат, „еееееее, сега кој ќе ги преместува, нас не платија да ги донесеме и да ги истовариме, ништо повеќе од тоа“) до определена мера може да се искорегираат акустичките несовршености на локацијата ;).

40 Квати подобро се слуша на 2-3 км одколку долу на сцена на 100 м од ѕидот звучници.20 и повеке КВ имаат групи како Пинк Флојд,Ролинг Стоунс итд. Кај нас на Балканот не сум чул повеке од 10-12 КВати.Трите концерти на Бјело Дугме беа со реални 6-7000 вати и беше доволно!И друго : со едно појацало не се прави такво озвучување! Се врзуваат 20-30 парчиња,сите со еднаква јачина,па активни кросовери,лимитери ,миксери,субмиксери.....Најбитен е системот за мониторинг,да знаат луѓето на сцена што пеат и свират...

Што е најинтересно, конкретно на ова журка имаше монитрано Martin's Audio звук (custom made звучници и засилувачи, многу скап звук за изнајмување) и верувај дека (барем колку што забележува човечкото уво) јачината на звук беше иста одма до звучникот, на 100 метри од него, па до кај 500 метри (права линијасе разбира). Пошто локацијата беше опколена со ридови, не се слушаше баш најдоборо (мислам не целиот фрекевентен опсег, само басовите се слушаа) на некаде околу 2, 3km од локацијата, но сепак „ечеше“, се се слушаше од нискотонскиот спектар и тоа многу солидно, а да не зборувам за тоа дека и да си одма до звучник немаш ефект „зуење на уши“ (кое доста често се случва кај нас) од исклипуван сигнал, интермодулациски избличувања и што уште не :S.

Се сложувам дека системот за мониторинг е многу битен, инаку изведувачот нема да знае што се случува на сцената, а кај нас многу ретко се обрнува внимание на системот за мониторинг (неколку пати имам видено и како ставаат „излупани“ звучници за монитори). Мене ми се има случено ова, да ми стават „издуван“ звучник за монитор, на kick-овите „прдеше“ звучникот и јас мислев дека прејако сум го пуштил излезот од master-от, па го намалував, го намалував и пак гледам „прди“, на крајот се симнав долу во публика и гледам дека супер се слуша и ми стана јасно што се случува всушност :S. Тоа е тоа :S.

И се сложувам со изјавата дека до кај 10KW озвучување е повеќе од доволно за 5 до 6 илјади луѓе, за малку поголем простор и 20 или 30, 40 илјади луѓе, ќе треба до кај 30, 40KW, но такви концерти/журки/свирки (баре ја колку што знам) нема кај нас (мислам присутност на толкав голем број на луѓе), така да нема ни потреба ;).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: 25000W засилувач
« Reply #55 on 23.09.2010, Thursday, 10:50:28 (Edited 23.09.2010, Thursday, 12:28:17) »
Често се форсира формулата - 1ват начовек,ама не е баш точно  тоа.Многу е битен просторот.Во добро *стишана* сала,каде има поставено звучна изолација, многу лесно се поставува озвучување.Не е секогаш јачината пресудна.Исто и каква музика се свири,а и типот на инструментите.Можеш 5000 вати да ставиш,а ништо да не се слуша.Или ставаш бас-бинови,а дечкиве свират на кавал и флејта  ;D >:(

Offline ivica.s

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 369
  • Gender: Male
  • RF Guru
    • Регистрирај се и заработи на envato.com
Одг: 25000W засилувач
« Reply #56 on 24.09.2010, Friday, 15:42:10 »
Види зависи и од ефикасноста на звучниците, колку dB даваат со еден ват. Порано кога моќни појачала било тешко или невозможно да се направат (биле скапи и тешки) се играло на картата на ефикасност на звучниците, имало хорни кои имале ефикасност од 120 dB по ват. Денеска ова е реткост, оти снагата е ефтина, (особено кога е во D класа  ;) ) , денеска просекот е околу 90 - 100 dB по ват.

Звучи неверојатно ама Woodstock фестивалот во 1969 година бил озвучен само со 10 појачала од по 350 вати, значи 3500 вати вкупно, а имало 400 000 луѓе  публика  ;D  и пак звукот бил добар оти звучниците биле ефикасни

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: 25000W засилувач
« Reply #57 on 24.09.2010, Friday, 16:01:05 »
Ивице,не е само да се ефикасни звучниците! Прво треба да се направи баланс на звучната слика.Најбитно е кога се озвучува да се постигне тон кој ке го слушаат исто и во први ред и во последниот.Тоа е идеален звук.Тоа се изведува само во затворен простор и не секогаш со ефикасни звучници! ;D Зошто!? Ако музичарот свири на флејта,тогаш бадијала се 5кв во бас биновите.Нема флејтата тон кој ке даде толку длабоки тонови.Ако се работи за озвучување надвор битно е каде и како се распоредени звучниците,а разликата меѓу 5 и 10 КВ некогаш не се ни приметува.И пак,не поради ефикасните и неефикасните звучници,туку поради лошиот(очаен понекогаш) распоред на звучните единици.БОСЕ има систем на *гроздови* со чија помош озвучува сали со по 30 ооо посетители,а на подот и зидовите на салата нема ни една звучна кутија!!

Offline ivica.s

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 369
  • Gender: Male
  • RF Guru
    • Регистрирај се и заработи на envato.com
Одг: 25000W засилувач
« Reply #58 on 24.09.2010, Friday, 16:18:11 »
Добро, квалитетот на звукот зависи и од многу други фактори освен распоредот, на пример на колку “канали“ е распределен миксот. Ако на пример бас гитарата е на истиот канал со тапаните, и ова се појачува од едно појачало и свири од една група на звучници, тогаш ниските тонови ќе звучат многу недефинирано и “матно“. Ова често се случува оти  понекогаш нема доволно појачала за сите канали, или се има само едно појачало :D

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: 25000W засилувач
« Reply #59 on 25.09.2010, Saturday, 11:42:11 »
БОСЕ има систем на *гроздови* со чија помош озвучува сали со по 30 ооо посетители,а на подот и зидовите на салата нема ни една звучна кутија!!

Тоа е моменално светски тренд и не се применува само со БОСЕ звучници (а гредам дека и кај нас во последно време се применува доста често, иако морам да кажам дека има мал број на тон мајстори кои знаат правилно да го наместат звукот :S), и според мене исправно, на правилен начин се распределуваат високите и средните тонови (радијално), така да не прави голема разлика далечината од звучниците. Единствено што стои на земја се woofer-ите кои и онака се нискотонски спектар, а човековото уво најтешко разликува од каде доаѓа звукот на пониски фреквенции, што значи и ова поставување е исправно ;).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."