а кога имаше еден концерт на Градскиот стадион (незнам кој имаше концерт) но многу гласно беше иако јас живеам на 4 километри од него!!Дали формата на стадионот ја дава таа јачина или има користено некои појаки појачала(појачало)??
Да, до формата на стадионот е, не е наменет тој за концерти, нема таква акустика. Но сепак, со правилни мерења и опрема (што најчесто не се користат кај нас, што викаат старите, начесто звукот се мести на „бафтана“ од страна на приучени „тон мајстори“, а не ретко и дечките кои го донеле „звукот“ сами ги местат звучниците и кога тон мајсторот ќе им каже дека не требале таму да бидат наместени или дека треба да се преместаат, „еееееее, сега кој ќе ги преместува, нас не платија да ги донесеме и да ги истовариме, ништо повеќе од тоа“) до определена мера може да се искорегираат акустичките несовршености на локацијата
.
40 Квати подобро се слуша на 2-3 км одколку долу на сцена на 100 м од ѕидот звучници.20 и повеке КВ имаат групи како Пинк Флојд,Ролинг Стоунс итд. Кај нас на Балканот не сум чул повеке од 10-12 КВати.Трите концерти на Бјело Дугме беа со реални 6-7000 вати и беше доволно!И друго : со едно појацало не се прави такво озвучување! Се врзуваат 20-30 парчиња,сите со еднаква јачина,па активни кросовери,лимитери ,миксери,субмиксери.....Најбитен е системот за мониторинг,да знаат луѓето на сцена што пеат и свират...
Што е најинтересно, конкретно на ова журка имаше монитрано Martin's Audio звук (custom made звучници и засилувачи, многу скап звук за изнајмување) и верувај дека (барем колку што забележува човечкото уво) јачината на звук беше иста одма до звучникот, на 100 метри од него, па до кај 500 метри (права линијасе разбира). Пошто локацијата беше опколена со ридови, не се слушаше баш најдоборо (мислам не целиот фрекевентен опсег, само басовите се слушаа) на некаде околу 2, 3km од локацијата, но сепак „ечеше“, се се слушаше од нискотонскиот спектар и тоа многу солидно, а да не зборувам за тоа дека и да си одма до звучник немаш ефект „зуење на уши“ (кое доста често се случва кај нас) од исклипуван сигнал, интермодулациски избличувања и што уште не :S.
Се сложувам дека системот за мониторинг е многу битен, инаку изведувачот нема да знае што се случува на сцената, а кај нас многу ретко се обрнува внимание на системот за мониторинг (неколку пати имам видено и како ставаат „излупани“ звучници за монитори). Мене ми се има случено ова, да ми стават „издуван“ звучник за монитор, на kick-овите „прдеше“ звучникот и јас мислев дека прејако сум го пуштил излезот од master-от, па го намалував, го намалував и пак гледам „прди“, на крајот се симнав долу во публика и гледам дека супер се слуша и ми стана јасно што се случува всушност :S. Тоа е тоа :S.
И се сложувам со изјавата дека до кај 10KW озвучување е повеќе од доволно за 5 до 6 илјади луѓе, за малку поголем простор и 20 или 30, 40 илјади луѓе, ќе треба до кај 30, 40KW, но такви концерти/журки/свирки (баре ја колку што знам) нема кај нас (мислам присутност на толкав голем број на луѓе), така да нема ни потреба
.