Сакам да упатам неколку совети за и околу проблем од ваков тип...Имено спрејот WD40 е само поголем штетник одколку што помага...Како прво не е наменет за подмачкување на осетливи електронски компоненти како што во случајов претставува потенциометарот на кој има нанесено слој од графит. Тој спреј или популарно наречен одвијач има своја намена а таа е да ги нагризе сите оксидирани делови, односно зарѓани популарно кажано и да се овозможи одштрафување на штрафот...Е сега само претпоставете што таа хемикалија прави на рѓата...и што евентуално би направила на потенциометарот...
За да проблемот биде решен, најдобро е да се замени потенциометарот со нов. Но доколку се нема таков, секој оној кој е вичен моѓе да заврши работа со чистење на графитниот слој на следниов начин: Најпрво се отвара потенциометарот многу внимателно. Потоа со помош на 70% алкохол внимателно се чисти графитниот слој, а потоа и контактот...Потенциометарот се затвара и е спремен за употреба...
Порано користев разни спрееви, но сватив дека тие само во првиот момент помагаат, а понатаму повеќе одмагаат...Заради тоа што се масни, придонесуваат поголеми прљавштини да се залепат односно да навлезат во потенциометарот...Единствено ги користам кога треба да подмачкам нешто, или пак користам сув контакт спреј.
Многу често помага кај потенциометрите за глас развртување на суво и на исклучено...така најлесно може да се продолжи животниот век без никакво отварање и чепкање на потенциометарот