Постојат случаи кога може да се напојува и со 36V, но не се носи тој цел напон на моторот. Идејата е во микростепинг и PWM модулација, каде се старта со голем напон па после се сечка тој напон, за да не се изгори моторот, а стартната струја е голема за да има голем стартен момент моторот. Нешто слично на микростепинг, но сепак овој начин на управување не е едноставен, и бара прецизни актуатори и добар алгоритам за контрола.