Зависи од конкретната примена, какви ке бидат тие диоди. Ако станува збор за ниски напони (до 100V) тие диоди најчесто се шотки диоди. Ако станува збор за мрежен напон (300 - 350V) тогаш тие диоди се PIN. Кој модел ке биде диодата зависи од прекинувачкиот елемент, и најчесто треба да може да издржи струја колку и прекинувачкиот елемент. Не зависи само струјата на диодата, туку и инверзниот пробивен напон, а и сите времиња (Itr, Itf, Utr, Utf, tON, tOFF, trr, tfr, Qpn, Imax), има многу параметри кои треба да се знаат за конструкција на излезниот степен за да тој има голема доверливост, а не секој 10 дена да горат излезни транзистори. Секогаш пости варијантата стави ја диодата со најдобри карактеристики со иста струја како прекинувачкиот елемент и завршена работа, но прашање е колку ке чини таа и дали стварно има потреба од нејзе, а и дали секој параметар ке задоволи.