Author Topic: 90 w засилувач  (Read 1694 times)

Offline daniel spasovski

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1330
  • Gender: Male
90 w засилувач
« Opened on 16.09.2010, Thursday, 00:26:11 (Edited 16.09.2010, Thursday, 10:56:51) »
Code: [Select]
http://www.pablin.com.ar/electron/circuito/audio/amp90/index.htm

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5329
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
Одг: 90 w засилувач
« Reply #1 on 16.09.2010, Thursday, 10:57:45 »
Немам ништо против тебе да не ме сватиш погрешно, ама јас кога објавувам тема давам малку повеќе информации што како колку, дали е изработен и такви некој работи за да знаат луѓето за што се работи
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!

Offline Malecko

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3059
  • Gender: Male
Одг: 90 w засилувач
« Reply #2 on 16.09.2010, Thursday, 14:51:51 (Edited 16.09.2010, Thursday, 15:00:09) »
Ако добро разбрав од таа страницата напојувањето на овој засилувач е 80V 1.5A.:)

Споено мислење: [time]16 Септември 2010, 14:55:41[/time]
Еве ја страницата преведена од Google.Шпански>Англиски ;D
Code: [Select]
http://translate.google.com/translate?u=http%3A%2F%2Fwww.pablin.com.ar%2Felectron%2Fcircuito%2Faudio%2Famp90%2Findex.htm&sl=es&tl=en&hl=&ie=UTF-8 еве ја на македонски хах понекогаш Google translate знае многу да ме насмее :D :D
Code: [Select]
http://translate.google.com/translate?hl=en&sl=es&tl=mk&u=http%3A%2F%2Fwww.pablin.com.ar%2Felectron%2Fcircuito%2Faudio%2Famp90%2Findex.htm
If you're good at something, never do it for free... -Joker

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: 90 w засилувач
« Reply #3 on 16.09.2010, Thursday, 15:45:27 »
Малечко, ок за шемата,ама малку ми е чудна.Нема никакво подесување на мирна струја и напонот.Ако е во класа А,како што изгледа има добри шанси да заосцилира.И 90 вати ... не знам дали има побуда,ама во секој случај чудна шема.Треба да се испроба дали работи.Цената би била идеална за наши услови :D

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: 90 w засилувач
« Reply #4 on 16.09.2010, Thursday, 15:56:11 »
Мене ова ми згледа на засилувач во AB класа без диференцијален степен. Изворот на константна струја (со која се дефинира мирната струја на излезните транзистори) е изведен со 2N3904 и околните компоненти, а засилувачот во A класа е изведен со 2N3906 и околните копмоненти.

Што знам, сомнителна ми е, и да работи најверојатно ќе трeбa да се се додаде потенциометар за прекалибрација на мирната струја (тој 2K2 отпорникот во базно-колекторскиот спој на 2N3904 да се смени со тример потенциометар врзан како реостат). Ама зошто па да не се проба ;).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline daniel spasovski

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1330
  • Gender: Male
Одг: 90 w засилувач
« Reply #5 on 17.09.2010, Friday, 15:49:01 »
Единствен критичен елемент доколку шемата не работи е кондензаторот на излез затоа таму ве советувам да не штедите и да ставите нов  кондензатор со волтажа барем 50 волти и колекторските отпорници со ватажа од барем 5 вати  ;D

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: 90 w засилувач
« Reply #6 on 17.09.2010, Friday, 15:59:15 »
Не е толку страшно - кој ке се реши да го прави уредов нека вклучи напон  и нека го измери напонот на + од излезниот електролит  спрема масата.Не вклучувајте звучник ако напонот во таа точка не е 1/2 од напонот на напојувањето,односно ако не добиете *нула*.Ако транзисторите греат со краткоспоен влез значи мирната струја е голема ( обично е 20-40 мА ), а ако сигналот на тивко изобличува мирмата струја е премала за транзисторите.

Offline daniel spasovski

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1330
  • Gender: Male
Одг: 90 w засилувач
« Reply #7 on 17.09.2010, Friday, 16:15:22 »
Токму тоа сакав да го кажам фала батка  :D