Во оваа тема има објаснување како да се испита функцијата на еден биполарен транзистор со дигитален мултиметар!!
Ова е приказ(туторијал) како да дознаеме дали транзисторот е од НПН или од ПНП тип и дали работи!!Исто така е објаснето е од кој матријал е изработен транзисторот!!!Слики ќе поставам!!
Има објаснување со дигитален инструмент каде што е наместен во подрачјето на испитување диоди!!!
1.Изводите на транзисторот ги означуваме со бројки(може со што се сака,но најлесно е со бројки) и со дигиталниот мултиметар во двете насоки помеѓу секои три изводи испитуваме!!
2.Кога ќе откриеме помеѓу кои два изводи и во двете насоки има голема отпорност,тие два изводи се колекторот и емитерот,но се уште не знаеме кој е кој,но знаеме кој извод е базата.
3.За да дознаеме од кој тип е овој транзистор ќе направиме вака,позитивниот пол од мултиметарот го поврзуваме на базата,додека пак негативниот пол прво на едниот извод а потоа на другиот извод од останатите два(емитер,колектор).При овие мерења добиеме мал отпор тогаш транзисторот е од НПН тип,а ако е голема отпорноста добиваме дека е од ПНП тип.
4.За да дознаеме кој е емитер а кој колектор правиме вака,кога ќе биде измерена отпорноста (помеѓу база и колекторот,и база и емитер)емитерот има многу малку поголема отпорност од колекторот(отпорноста на колектор-база е помала од отпорноста помеѓу емитер-база),па затоа разликата е многу мала и може да се утврди со дигитален мултиметар!!Исто така транзисторите во метални куќишта колекторот е поврзан на самото куќиште со што овозможува ладење на транзисторот,и така лесно се открива-тој извод е оној кога помеѓу кој и куќиштето има краток спој(отпорност нула).
5.За да откриеме од кој материјал е изработен транзисторот користиме мултиметар (дигитален,не аналоген) ние ќе го мериме падот на напонот изразен во миливолти и ако имаме пад на напон од 600 миливолти транзисторот е силициумски,а ако имаме добиено пад на напон од околу 300 миливолти тогаш е изработен транзисторот од германиум!!НО најважно е да ја измериме отпорноста на ПН споевите колектор-база и емитер-база при директна поларизација!!
Споено мислење: 04.09.2010, Saturday, 00:21:00
Извинете што не ја ставив оваа тема во туторијали,па ако може некој од администраторите да ја префрли во туторијали!!!Благодарам однапред!!!