BDX53C мислам дека беа по 30-40 денари парче ама не се сеќавам точно. Иначе времето на активирање не е сигурно премногу брзо бидејќи се работи за дарлингтон транзистор но сепак барем до 20MHz одат при осцилации што значи и не е лошо (доста брз дарлингтон транзистор, а далку побрз од кој било мосфет).
Околу степ моторите и нивна контрола:
Постојат биполарни степ мотори и униполарни степ мотори. Едните имаат 4 жици (биполарните) а другите (униполарните) 5 или повеќе. И двата типа на мотори имаат два основи мода на возење: full step (цел чекор) и half-step (половина чекор). Исто така постојат и два секундарни мода на работа а тоа се power step (моќен чекор) и quarter-step (четвртина степ, но моторите во овој режим веќе нема да имаат воопшто снага и овој мод многу ретко се користи). Чекорите се следни:
Униполарен степ мотор
-------------------------------
Жица 5 на минус.
Цел чекор:
Чекор: Струја (плус) на жица:
1 1
2 2
3 3
4 4
Пола чекор:
Чекор: Струја (плус) на жица:
1 1
2 1 и 2
3 2
4 2 и 3
5 3
6 3 и 4
7 4
8 4 и 1
Моќен чекор:
Чекор: Струја (плус) на жица:
1 4 и 1
2 1 и 2
3 2 и 3
4 3 и 4
Биполарен степ мотор
-------------------------------
Цел чекор:
Чекор: Напон на жица:
1 1(+), 2(-)
2 3(+), 4(-)
3 1(-), 2(+)
4 3(-), 4(+)
Пола чекор:
Чекор: Напон на жица:
1 1(+), 2(-) и 3(+), 4(-)
2 1(+), 2(-)
3 1(+), 2(-) и 3(-), 4(+)
4 3(-), 4(+)
5 1(-), 2(+) и 3(-), 4(+)
6 1(-), 2(+)
7 1(-), 2(+) и 3(+), 4(-)
8 3(+), 4(-)
Моќен чекор:
Чекор: Напон на жица:
1 1(+), 2(-) и 3(-), 4(+)
2 1(+), 2(-) и 3(+), 4(-)
3 3(+), 4(-) и 1(-), 2(+)
4 1(-), 2(+) и 3(-), 4(+)
Се надевам дека е јасно и дека од ова ќе произлезе некоја нова машина (сакаме да знаеме каква).