Дали некој има искуство со дигитални ваги (за мерење луѓе)?
Ја купив од бувљак, имаше многу, спакувани беа, ама изгледа фабричка грешка имале...
Значи проблемот е кога ќе застанеш, се појавуваат бројките како што треба, прво 00.0, и после почнуваат да се појавуваат некои рандом бројки.
Експериментално (со притискање со рака) видов дека до отприлика 40 кг си функционира ОК, а проблемот настанува над тоа (бидејќи јас имам многу над тоа:), и тогаш бројките почнуваат да „рипаат“ горе доле.
Внатре има еден интегралец и четири сензори на секоја ногарка. Сите жици од сензорите доаѓаат во интегралецот и тоа е се.
Еве ја сликав целата вага и еден од сензорите од блиску, па ако некој има идеја нека каже..
http://www.pic.mk/?v=2208201013.jpg
http://www.pic.mk/?v=2208201283110560.jpg
http://www.pic.mk/?v=2208201283110586.jpg
http://www.pic.mk/?v=2208201283110604.jpg
Ваљда добро ги кодирав линковите.. (да не ме караат администраторите..)