Author Topic: Три канален микрофонски миксер  (Read 437 times)

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9429
Три канален микрофонски миксер
« Opened on 29.08.2010, Sunday, 13:58:04 (Edited 29.08.2010, Sunday, 16:45:15) »
Ми беше потребна за една активна кутија мал 3 канален микрофонски миксер.Го направив со ЛМ 324
без плочка :D со директно лемење меѓу потенциометрите и ИК,кој е залепен наопачки со неостик на витропласт плочка :o.Ме изненади добриот квалитет на сигналот.Напојувањето е директно од исправувачот на ПА степенот ( од симетрични 40 волти преку зенерки и два отпорника на симетрични 12 волти ) во кој има излез со МЈ3055/2955 и дава (реално) околу 70 вати. Зв.кутија е со 10 инчен широкопојасен  бас/среден (ФАНЕ) и хорна  од 5 инчи .Кутијата е наменета за мали приредби во едно основно училиште и огненото крштевање ке биде на 1 септември ,кога ке ги примаат новите првачиња :D ;)