Не е баш поедноставно да се mod-ува портабилен аудио плеер бидејќи компанијата која го произвела веќе имаат избрано SoC со определлени карактеристики и (се разбира) заедно во него има имплементирано и соодветен DAC. Поентата ми е портабилниот аудио плеер да има екстерен DAC модул, со што ќе може да се експериментира со квалитетот на звукот кој го дава на излез аудио плеерот
(со промена на различни DAC-ови).
А тоа дека ќе биде погабаритен, тоа е точно, но мала цена е тоа да се плати за аудио квалитетот кој ќе може да го понуди тој портабилен аудио плеер. Не е поентата да биде мал и fancy и да има 300.000 опции, поентата е да има релативно големам меморија и да може да поддржува различни типови на аудио формати. Дисплејот не мора да бие „кој знае каков“, и најпрост (монохроматски) би одговарал, сепак, станува збор за аудио плеер, не за видео плеер (што всушност најмногу ме нрвира кај денешните производители на портабилни аудио плери
, ги прават во стилот на „се во едно“ уреди, исто како и телефоните, а поради тоа во нитуедна од тие работи кои ги поддржуваат не се најдобри, во најдобар случај се релативно солидни аудио плеери). Значи и д абиде голем колку старите вокмени, мислам дека на луѓето кои навистина уживаат во квалитетен звук и квалитетна репродуцкија нема да им направ голема разлика когемината и тежината (сепак, ќе требаат помоќни Li-Ion-ски батерии за напојување на плеерот бидејќи ќе троши релативно поголемо количество на струја поради повисокиот квалитет на аудио сигналот, како и погласното ниво на репродукцја на сигналот). Поентата ми е да го постигнам квалитетот на аудио сигналот кој го имаа на времето дискмените, кои (да бидеме реални) имаа далеку подобар квалитет на звук во споредба со денешните портабилбни аудио плеери, од проста причина што не само што порано се користеа поквалитетни компоненти, туку и просторот со кој се располагаше за имплементација на деловите беше далку поголем во споредба со денешниот, каде што се стреми се да е минијатурно и мало, па со тоа се скратува и на можнопста за имплементација на поквалитетни излезни засилувачи, а во потрагата по што е можно поголемо време на репродуцкија со едно полнење на батеријата, се оди кон што е можно помала потрошувачка на интегрираните кола, што автоматски значи и послаб квалитет на звук (излезниот степен од SoC-от не може да ја испорача моќноста потребан за правилна побуда на слушалките или што и да е врзано наредно во ланецот на пренос на аудио сигналот). Во потрагата по што е можно помали компоненти и помали портабилни аудио плеер/видео плеери, се заборави на квалитетот на звукот кој треба истите да го испрачуваат и се премина во шарлатанство. Жалосно е но вистина :S.