Порано „најснабден“ отпад беше југосуровина, пред навожњакот на влезот во шутка, ама одамна го затворија
. Исто така многу добри работи порано имаше во еден отпад, не знам како се викаше, од трианглата кај пругата во маџари се вртеше накај новиот кванташки, ама не се вртеше лево како што иде улицата накај кванташкиот туку десно по едно земјано патче и таму негде имаше отпад, кога бев пред многу години беше преполн со електроника, имаше некои пултови, изгледа од МТВ, милион кутии со некои напојувања во кои имаше по еден џиновски трансформатор и ладилник со 10-на 2N3772 на него (ова знам бидејќи успеав да земам два такви ладилници
) плус милион други работи. Се сеќавам дека другарот за 600ден. зема изолациско трафо 220/110 со вариак во него, двајцата едвај го дигнавме
.