-микроконтролор- за да можам да научам да програмирам микроконтролор во асемблер или во PicBasic (PicBasic е бесплатен програм?)
Прво, ти треба програматор за микроконтролерот, има неколку шеми за програмтори на форумов (веќе испробани, функционираат), така да прво треба да направиш програматор (хардверскиот уред преку кој микроконтролерот се вврзува со комјутерот за да можеш да го испрограмираш).
Најкористена пргограма (моментално, барем јас колку што знам) е MPLab (нека ме корегира некој ако грешам) и мислам дека има поддршка за PicKit 2 Clone (еден од многуте програматори за PIC микроконтролерите на Microchip, што можат најлесно да се најдат во Македонија, други видови на микроконтролери, малку потешко :S).
-инфраред приемник- дали е битно приемникот со кој микроконтролор ќе го искомбинирам или нема везе?
Да, има везе, повеќето типови на IR приемници и предаватели се горе долу стандардизирани, но има различни стандарди, тоа е проблемот. Не се сите исти. Ако го правиш проектот како што ти напиша SKOLS, нема да ти преба IR приемник, само IR предавателна диода (IR приемникот веќе си постои во самиот клима уред, така да нема потреба од него).
-дигитален термометар/сензор- на пример DS1820
Во сензори мног не се разбирам, особено не дигитални, но доколку другите членови од форумот викаат дека може да се најде овој сензор во Македонија, тогаш најверојатно може да се најде тука
. Единствена работа што треба да се направи е да се симне datasheet за него и да се види како ги праќа примените сигнали (кодови, позитивна логика, негативна логика, итн.)
. Мада како што реков претходно, ако го правиш проектот како што ти спомна SKOLS, нема да ти треба IR сензор, само предвателна IR диода (каква, тоа е веќе друго прашање, зависи од тоа каква предавателна диода има во далечинскиот управуач за клима уредот, ако има иста или компатибилна IR диода да се купи во Македонија, тогаш нема проблеми
).