Не е дека вреѓаат, едноставно истиот ефект кој е постигнат со излезните транзистори во напојувањето кои се користат за стабилизација на напонот, може да се постигне и со ставање на големни (да не речам огромни) електролити. А што се однесува до подесувањето на напонот, јас сигурно нема да ставам трансформатор кој го „фура“ засилувачот на неговиот максимален напон, тоа е бесмислено, малку да рипне напонот и засилувачот може да изгори :S.
Затоа, најдобро (па и најпрактично, и до ден денешен, најараспространето решение) е да се користат огромни електролитски кондензатори во напојувачката секција со работен напон кој е барем 30% поголем од оној кој треба да го стабилизираат (кога би имале повеќе пари на располагање, не е лошо да се стават и со работен напон кој е 50% поголем), да се стават повеќе електролити во паралела (поради намалување на ESR факторот, повторно, доколку би имале поголема сума на пари на располагање, но ако веќе градите моќен засилувач, како што спомнал многу пати batka, секогаш почнувајте да собирате пари и да пресметувате од напојувачката секција, бидејќи во 90% од случаите, таа е најскапиот дел од целиот засилувач) и уште некои други финти има, но да не ги разглобуваме сега, детално се разглобувани во други topic-и на форумот. Поентата ми беше дека со ова решение се јавува потреба од уште едно ладилно тело кое не мора да го им во засилувачот, а башка што може да се јави проблем со често горење на овие транзистори поради преоптеретеност на засилувачот или во евентуални peac-ови на аудио сигналот (кога ќе падне напонот и засилувачот ќе повлече повеќе струја од номинално дозволената од страна на засилувачот). Поради тоа, со ова решение, треба да се грижите за два проблеми: горење на излезните транзистори и горење на транзисторите во напојувачката секција, каки и ладењето на транзисторите во двете секции. Ваков тип на исправувач би било да се користи во некои помалку моќни конструкции, на пример до 50, 60W, но не и на моќни конструкции, на пример 200, 300W па нагоре. Едноставно е несигурно, бидејќи на тие моќности може да се случи засилувачот да повлече и дупло повеќе струја, што излезните транзистори можеби ќе ја издржат, но не и транзисторите во напојувањето. И што може да се случи? Да имате дупли проблем, изгорени излезни транзистори и изгорени транзистори во напојувачката секција :S.
Решението не е лошо, но само за мали моќности, значи за засилувачи направени за домашно (нормално) слушање, не и за моќни засилувачи.