Не знам што ова со rapidshare, и прошлиот пат кога закачував фајл исто правеше, па после се “предомисли“ и дозволи симнување (пробај покасно пак), ако имаш некоја алтернатива за закачување видео кажи, ако не ќе ти го пратам на мејл.
За Cx и првично планирав да биде од повеќе кондензатори со преклопник. Пошто мене Cx ми беше залемен директно за потенциометарот (преку 10-15cm кабел) мислев да не има тоа врска што тешко се стабилизира приказот, па го залемив директно на плочката ама без промени. Иначе, и мене ми текна да ставам сериски уште еден потенциометар за фино подесување
, прво пробав со 50к, па со 22к, за на крај да бидне 10к, што се покажа како најдобра варијанта. Исто така, приметив дека кога ќе ги земам во рака потенциометрите (P3+P3`), а посебно ако го држам спојот на Cx и пин 4-14 со прст, приказот станува супер стабилен, многу лесно можеш да ја “заковаш“ синусоидата во место, па со малку експериментирање открив дека истиот ефект се добива ако оваа точка се поврзе на маса преку отпорник од 1к, кој што планирам да го оставам (мислиш дека би правел некој проблем на други фреквенции освен 50Hz?). Претходно приказот како да “сецкаше“.
Иначе со P1 се менува амплитудата ама многу малце, само 1-2 хоризонтални реда, пробував со 4к7 потенциометар, без некој успех, освен што во една положба ги прикажа само долните полупериоди, ама кога го мрднав P2 се размести и пак се појави целата синусоида.
Утре ќе пробам да го сменам R1 со тример па ќе видиме дали ќе се засили сјајот малце. Иначе, овој мојот екран од диоди не е многу сјаен (иако е доволно сјаен за да се користи) пошто се полакомив и купив лед-диоди на “кило“ по 3 денари парче, ама не се баш најквалитетни изгледа. Најдов на друго место многу посјајни ама немаа 160 парчиња така што морав ги земав овие, па ќе пробам да извадам максимум од нив.