Author Topic: LED Осцилоскоп 1MHz  (Read 29713 times)

Offline BorceBT

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1826
  • Gender: Male
    • www.trajkovski.net
LED Осцилоскоп 1MHz
« Opened on 10.10.2009, Saturday, 01:06:15 (Edited 17.10.2014, Friday, 11:30:37) »
Ова е од мене проектиран и изработен LED осцилоскоп со резолуција од 16x10 диоди и максимална фрекфенција на работа од 1MHz (ова е аудио осцилоскоп). Го дизајнирав додека го правев, а ако има заинтересирани да го прават ке се потрудам ке нацртам како треба да изгледа дизајнот на колото.

Едит: Ставена е шема од колото така да некои подолни постови каде се бара шема немаат веќе смисла.

Изглед на некои готови уреди:

Шема:

Никогаш неможеш да знаеш се, но секогаш можеш да знаеш повеќе.

Offline LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3189
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Одг: LED Осцилоскоп 1MHz
« Reply #1 on 26.10.2009, Monday, 10:57:16 »
Има шанси да ја добиеме и шемата? Во емитер има најава за ваков осцилоскоп ама не ми се чека  ;D
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

If animals had a religion, humans would be the devil.

LightCraft Studio

Offline BorceBT

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1826
  • Gender: Male
    • www.trajkovski.net
Одг: LED Осцилоскоп 1MHz
« Reply #2 on 26.10.2009, Monday, 21:04:39 »
Утре ја добивате шемата :D !
Никогаш неможеш да знаеш се, но секогаш можеш да знаеш повеќе.

Offline LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3189
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Одг: LED Осцилоскоп 1MHz
« Reply #3 on 28.10.2009, Wednesday, 11:59:55 »
Овде на шемата се користат 100 LED, јас имам 130 спарени LED и сакам да ги искористам сите (иако ги чував за аудио spectrum analyzer 8)), значи прашањето ми е како да се прошири шемата на 13x10 LED?
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

If animals had a religion, humans would be the devil.

LightCraft Studio

Offline nCounTr

  • Почивај во мир
  • Стручњак
  • *****
  • Posts: 231
  • Gender: Male
  • Дипл.Ел.Инж.
    • Македонски форум за електроника
Одг: LED Осцилоскоп 1MHz
« Reply #4 on 28.10.2009, Wednesday, 12:10:57 »
@LordZi
Друже имаш некоја шема за Audio Spectrum Analyzer...јас имав намера да правам, но мојата идеа беше место да носам аудио сигнал до него, да го земам од сорсот на аудио предавачот, кој во мојот случај е компјутер и место да се менува спектрумот со зголемување/намалување на гласот вака ќе си остане оригиналот од пуштената песна.

Инаку да си прашам јас колку ќе ми излезе да ги купам деловите за овој осцилоскоп?
Воедно да прашам и дали ќе ми биде доволен за аудио сигнали, бидејки не се разбирам до толку?

П.С. Извинете за оф-топик.
ESPRIMO Mobile v5505 | Intel Centrino Duo T5450 @ 1,66GHz Santa Rosa | Apacer 4GB DDR2-667MHz | Fujitsu 120GB SATA-150 5400rpm | Intel x3100 384M Memory | Intel PRO/Wireless 3945abg | Gigabit Ethernet | Toshiba Bluetooth v2.0 | Windows 7 x64
АМАН ЧИТАЈТЕ ПРАВИЛA

Offline LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3189
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Одг: LED Осцилоскоп 1MHz
« Reply #5 on 28.10.2009, Wednesday, 18:58:01 »
@nCounTr 
се на се, сосе кутија,  не би требало да те фати повеке од 1000ден. ако купуваш нови делови, ако имаш домашни залихи многу помалце, еве јас на пример не планирам да потрошам ни денар пошто се си имам ;D. За аудио сигнали 1MHz е повеќе од доволно.
Шемата за анализаторот следи накнадно, сега сум на работа, кога ке дојдам дома ке ја закачам.

People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

If animals had a religion, humans would be the devil.

LightCraft Studio

Offline BorceBT

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1826
  • Gender: Male
    • www.trajkovski.net
Одг: LED Осцилоскоп 1MHz
« Reply #6 on 28.10.2009, Wednesday, 22:26:22 (Edited 09.12.2009, Wednesday, 22:13:03) »
Мојот дизајн, ако не примети некој има поголема резолуција од 16х10 диоди (160 диоди) и шемата е дадена подолу, значи поврзувањето на LM3914 е стандардно за да има офсет (цртата да е на средина) додека осцилаторот и драјверот е друг (мојот дава доста поголема сјајност отколку тој што е нацртана шемата на Devil. Исто така имате и промена на подрачјето со промена на кондензаторот Cх (Ставете преклопник, повекеполен прекинувач со кој ќе менувате различни кондензатори за различни фрекфентни опсези). Имено доколку Cx = 10nF со потенциометарот од 1М ќе можете да „гледате“ фрекфенции од 3Hz до 10KHz (убаво доколку сакате да го гледате цело аудио како „ефект“ дисплеј за некој засилувач) или можете да ставите 1nF за да гледате од 30Hz до 100KHz или 100pF за да го гледате максимумот до 1MHz. Уживајте:

Edit: Поправена шема има тука:
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=18.msg1183#msg1183
Никогаш неможеш да знаеш се, но секогаш можеш да знаеш повеќе.

Offline LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3189
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Одг: LED Осцилоскоп 1MHz
« Reply #7 on 28.10.2009, Wednesday, 23:31:32 (Edited 28.10.2009, Wednesday, 23:34:14) »
Борче,
оваа твојата верзија повеќе ми фаќа некако. Пошто јас имам само 130 диоди, од кај да скратам три реда - од кај IC2 или IC4? Исто така дали може да се зголеми матрицата со 2 LM3914 на 20x16 LED или со додавање уште 74H... на 20x20 или повеќе? Ова ти има смисла или лупам глупости ????

nCounTr,
сега видов дека шемата за анализаторот у ствари е цел документ сосе формули, плочки и сл. ама е во PDF формат па не знам како да го закачам. Целиот склоп всушност е десетпојасен bandpass филтер и десет VU-метри. Ако сакаш напиши твој мејл па ке ти го пратам.
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

If animals had a religion, humans would be the devil.

LightCraft Studio

Offline nCounTr

  • Почивај во мир
  • Стручњак
  • *****
  • Posts: 231
  • Gender: Male
  • Дипл.Ел.Инж.
    • Македонски форум за електроника
Одг: LED Осцилоскоп 1MHz
« Reply #8 on 29.10.2009, Thursday, 00:03:33 (Edited 29.10.2009, Thursday, 00:05:22) »
Quote from: LordZi
nCounTr,
сега видов дека шемата за анализаторот у ствари е цел документ сосе формули, плочки и сл. ама е во PDF формат па не знам како да го закачам. Целиот склоп всушност е десетпојасен bandpass филтер и десет VU-метри. Ако сакаш напиши твој мејл па ке ти го пратам.

Ако е 1 фајл ќе отидеш на rapidshare и таму ќе го кренеш фајлот и ќе ти даде линк до него и ќе го пуштеш во нова тема во овој подфорум, а ако не е тогаш мејлот ми е во профилот, овој на yahoo.
ESPRIMO Mobile v5505 | Intel Centrino Duo T5450 @ 1,66GHz Santa Rosa | Apacer 4GB DDR2-667MHz | Fujitsu 120GB SATA-150 5400rpm | Intel x3100 384M Memory | Intel PRO/Wireless 3945abg | Gigabit Ethernet | Toshiba Bluetooth v2.0 | Windows 7 x64
АМАН ЧИТАЈТЕ ПРАВИЛA

Offline BorceBT

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1826
  • Gender: Male
    • www.trajkovski.net
Одг: LED Осцилоскоп 1MHz
« Reply #9 on 29.10.2009, Thursday, 04:30:50 »
3 реда може да скратиш од која страна сакаш, или од кај U2 или од кај U4 меѓутоа често ќе се случува да не ја гледаш целата синусоида но ако не ти е намената да мериш нешто туку само да го „гледаш“ звукот ке биде океј.

Матрицата може лесно да се зголеми со додавање на второ LM3914 (во даташитот за ова коло има дадено начин како се поврзуваат две кола да работат заедно со 20 излези) со што ќе се добие 16х20 (320 диоди). Зголемување на хоризонталната резолуција е малку посложено бидејќи ќе треба 2х 74154, уште 2х 7404 и уште едно дополнително коло 7474 а да не зборувам дека ќе се намали сјајноста на екранот без дополнителни „финти“. Значи нека остане вака засега.
Никогаш неможеш да знаеш се, но секогаш можеш да знаеш повеќе.

Offline LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3189
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Одг: LED Осцилоскоп 1MHz
« Reply #10 on 29.10.2009, Thursday, 16:48:57 »
nCounTr,
фајлот е поставен за симнување во аналогна техника - ваши креации (иако не е моја креација ;)), ако го направиш обавезно пиши искуства!
Борче,
пошто матрицата нема некоја голема резолуција, не е битно дали некое делче од синусоидата нема да се гледа со 130диоди (иако ке оставам место на плочката за екстра 30 диоди 8)). Како и да е ке го направам па ке ставам слики!
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

If animals had a religion, humans would be the devil.

LightCraft Studio

Offline BorceBT

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1826
  • Gender: Male
    • www.trajkovski.net
Одг: LED Осцилоскоп 1MHz
« Reply #11 on 30.10.2009, Friday, 01:30:24 »
Океј, ако нешто евентуално зеза ќе пишеш и ќе го средиме.
Никогаш неможеш да знаеш се, но секогаш можеш да знаеш повеќе.

Offline LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3189
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Одг: LED Осцилоскоп 1MHz
« Reply #12 on 25.11.2009, Wednesday, 09:57:25 »
Конечно тргна работата, матрицата со диодите е готова, кај и да е ќе биде и електрониката деновиве!

Неколку прашања - дали ќе смета ако се стави потенциометар од 2к5, пошто неможам да најдам 2к? Исто така, Cx кој тип е - керамички, MKT...?
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

If animals had a religion, humans would be the devil.

LightCraft Studio

Offline BorceBT

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1826
  • Gender: Male
    • www.trajkovski.net
Одг: LED Осцилоскоп 1MHz
« Reply #13 on 25.11.2009, Wednesday, 13:53:40 (Edited 25.11.2009, Wednesday, 13:57:09) »
1. Може 2к5.
2. Cx треба да керамички најдобро.
3. Јасно ти е дека ова е произлезено од експериментирање така да ако нешто не проработи од прва или не работи како што треба тука сме да ги решиме сите работи. А ако проработи од прва супер :)
4. За експериментирање дали работи како што треба може за Cx да ставиш поголем блок кондензатор (220nF) за да видиш (ке оди полека) дали по хоризонтала се палат последователно ледовите од лево кон десно. Ако тоа ти работи добро вертикалата зависи од LM3914 и него ќе го наштимаш.
5. Пази на ограничувањата на влезниот сигнал да не пробуваш со високи влезни напони, мислам дека супер работи на излез од слушалки и излез за звучник од послаб засилувач (систем).
Никогаш неможеш да знаеш се, но секогаш можеш да знаеш повеќе.

Offline LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3189
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Одг: LED Осцилоскоп 1MHz
« Reply #14 on 30.11.2009, Monday, 17:57:35 »
Е не проработе од прва...  :o :). Работи само првиот вертикален ред од лево, без ништо на влез свети само една лед-диода, која што може да се поместува горе - доле со P2 (бар тоа работи :)), со 5-10V/50Hz на влез се палат скоро сите лед-диоди од првиот ред ама со помал сјај (можда ја покажува целата синусоида ама не ја движи натаму по другите редови?), P3 не реагира никако, пробував со кондензатори од 10nF до 220nF, ништо, како да нема осцилации. Поврзувањето би требало да е точно според шемата, два пати проверено, ама покасно уште еднаш ќе го проверам. Борче, давај идеи!