Имаше една шема (поодамна ја начекав на net) преку која се вршеше контрола на Play, Pause, Forward, Backward, Next и Previous Track и сето ова се вршеше преку IDE конекторот на CD-ROM-от
. Единствен проблем беше тоа што користеше некој микроконтролер кој требаше да се испрограмира (не ми текнува кој беше, ама мислам дека некој PIC ќе да беше). Бидејќи јас тогаш немав програматор (а и сега немам), решив воопшто да не ја пробувам шемата, па не ја ни зачував. Исто така имаше опција да се стави и дисплеј на кој ќе се прикажува која трака моментално врти на CD-ROM-от. Значи CD-ROM-от не мораше да има Play и Stop копче (Stop е истовремено и Eject, барем мислам дека беше така), само требаше да има IDE интерфејс (што тогаш, на времето, беше стандард, сега скоро се е заменето со SATA, ама не е проблем, повеќето старио CD-ROM-ови се сите со IDE интерфејс
).