Нешто друго сте гледале
Ауууууу, да, во право си, моја грешка
. Jас тоа што го гледав (во МТВ, тоа за кое пишав дека тежи стотици кила) беше reverb, но со цевки спирално извртени. На едниот крај има микрофон (на излезот) а на другиот има малечок широкопојасен звучник (на влезот). Е тој ревербератор има самоедна фреквецнија на резонирање и ништо друго не се подесува, ни времето ни должината на ревберацијата. Ако сакале да постигнат помало време на реверберација или реверберација на друга фреквенција, едноставно земале друг ревербератор (ги имало со различни параметри) и се ставал тој наместо првиот
.
Значи извинете, моја беше грешката
.
Постојат денес дигитални реверби,ама немаат врска со саундот кој се бара.Хал се добива во сала,црква (природно) ама и во студио (електронски).Сепак најдобрите снимки се прават со природен хал(реверб) во природни услови.Земете ги концертите во Св.Софија во Охрид .Таму халот,одзивот е прекрасен. Исто и во Велес ,во црквата Св.Пантелејмон.Фантазија!!
Само сакав да прашам и да искоментирам нешто на оваа тема. Јасно ми е дека дигиталните ревербератори дават многу „сув“ звук (тоа можете да го пробате со било кој VST plugin, навистина е - барем според мене - за никаде, но во моментов немам друга опција, PC-то ми е еднинствен инструмент :S), но од друга страна пак, конкретно за моите потреби, не ми треба природна реверберација од сала (сепак, музиката што ја работам дали сам, дали заедно со бендот е горе долу електронска). Значи, крајната констатација ми е дека јас сепак би користел ревербератор со спирали. Искрено, не би сакал да купам некој купечки, туку би сакал да експериментирам со материјалот на спиралите и нивната должина, развлекување, трансформаторот што се користи, неговиот тип, како се прави, дали миже да се искорити некој до стар трансформатор или не, итн
.
Би било убаво ако може некој да ми каже нешто повеќе околу оваа проблематика, за spring delay-от (реверберација со спирала/федер). Благодарам однапред. А искрено, кој е заинтересиран за конкретнава проблематика, не мора да пишува овде (сепак е место за огласи), може на пример да пише во следниот topic
.
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=1053.0