Ни јас не сум експерт во светот на микроконтролерите (имам два или три пати гледано како се програмира микроконтролер, што практично значи дека не знам ништо
), но по симптомите што ги опиша во post-от, мене ова ми изгледа повеќе на хардверски проблем одколку на софтверски. Провери го кристалот (осцилаторот) дали е добро залемен и дали е исправен (пробај смени го со нов, ако си ставил веќе користен, или ако е нов, пробај купи друг, ама од друга продавница). Исто така, не е лошо да ги провериш и останатите компоненти да не случајно има краток спој меѓу некоја од нив или случајно да не не е исправна, како и плочката (да не случајно има некој краткоспоен вод на неа при лемење или да не се некои водови премногу блиски едни до други, па да не прават случајно краток спој, ова може да се случи при малку непрецизна постапка на изработка на ППК-то, никој не е совршен, па ни машината или човекот што ја изработил плочката
).
Се разбира, ова е чисто предлог, како што реков претходно, немам скоро никакви познавања од микроконтролрите, така да ова мислење може да се смета за лаичко :S.
На самиот сајт (elektronika-mk.net) не би ти препорачал да upload-ираш видеа, не заради друго, hosting просторот е мал, така да се лимитираме на upload-ирање само на слики, и тоа не некои премногу големи, најчесто шеми во .gif или .jpg формат. Видео можеш да upload-ираш на youtube, па да постираш link на форумот, или да го снимаш видеото и да го upload-ираш на некој од следниве upload сајтови:
http://www.megaupload.com/
http://depositfiles.com/
http://freakshare.net/
http://www.4shared.com/
Ги има и многу други, ама доволно се овие
.