Зашто регулацијата нема да биде линеарна? Напонот на краевите од потенциометарот ќе остане ист ако сигналот доаѓа од извор со мала излезна импеданса.
Сум пробал, нема линеарна реулација (под услов да е потенциометарот линеарен, се разбира
). При помали вредности на отпорноста (на пример, 100Ohm), во колото со потенциометар со врзан отпорник паралелно на неговите изводи, повеќе влијае отпорноста на потенциометарот (нели, отпорноста на отпорникот е драстично поголема, па нема да влијае значително во колото), но како што се мрда лизгачот и како што се зголемува отпорноста, се повеќе почнува да влијае паралелната врска меѓу двата краја на потенциометарот, за при full range (максум), влијанието на отпорникот и потенциометарот е изедначено (под услов да имаат исти вредности).
Разликата во линеарноста, се разбира, не е преголема, но во некои случаи, и таа не е пожелна. Зависи во кое коло се користи ваков потенциометар. Ако не е важно колку е линеарна регулацијата, може да се искористи и ваква врска
.
Со 20k паралелно добиваш 10k5 (грешка 0k5) а попрецизно е со 18k (грешка 0k1), ако уопште има потреба од прецизност.
Да, ова е подобро решение под услов потенциометарот да има вредност од точно 10K. Повеќето потенциометари кои се продаваат кај нас, знаат и по 30% грешка да имаат (купуваш потенцометар од 10K кој при максимален отклон на лизгачот има отпорност од 13K, а понекогаш и повеќе).
Нека ја измери вредноста при паралелна врска со еден и со друг отпорник и нека види која комбинација повеќе му одговара врз база на неговите потреби
.