Хехе исти имаме, и јас имам портокалови, добри се но за помали работи инаку се тупат отприлика за 5-6 месеци турбо работа со нив
Па јас не ги користам пречесто, така да, сега за сега, се супер
. Но искрено, не мислам дека се тапат пребрзо. Еве, имам со нив отворано најразлични типови на мали шрафчиња, стегано, превиткувано, прецвикувано... не сум пработел премногу со нив (во просек, по еден час дневно), но сега за сега, супер се имаат покажано
. Како што реков, начинот на изработка (прецизноста, да се поклопуваат запците и секачите на цвикцанглите) не им е баш „нај нај“, ама што се однесува до квалитетот на материјалот (од што и да се изработени, претпоставувам некој вид на челик), одличен е за 150 денари
.
абе друго сакав да прашам, прашањево е следно: Оние екрани со катодна цефка што се под вакум и што може да се најдат по телевизори и монитори, од кои причини може да експлодира таа туба што е под вакум ? Или воопшто не може, освен со сила да ја кршиш ?
Може да има многу причини, меѓу кои најчеста е механичко оштетување. Од пренапон не би требало да имплодира екранот (во право е Toma, настанува имплозија, а не експлозија), можеби ќе префрли анодата кон катодите или некој од топовите, но не би требало да експлодира. Па и да префрли не верувам дека е многу веројатно бидејќи (колку што знам) цевките се под вакуум... е сега, не постои совршен вакуум, така да, можно е да има некое атомче кислород во цевката
, но не верувам дека има доволно за да префрли толку голема искра (растојанието од анодата до катодите е прилично големо, се разликува од екран до екран и нивната големина, но дефинитивно не е помало од 20 или 25cm, барем кај поголемите телевизори... ова од око, не сум мерел, ама така некако му изгледа работата
). Ако се полнети со азот екраните (не знам дали е ова точно, нагаѓам, обични сијалици ги полнат со азот, или барем така имам чуено, така да, зошто да не и екраните
) и во тој случај не би требало да префрли анодата до катодите бидејќи (колку што знам) азотот е гас кој не поддржува согорување, а по некоја логика, би требало да има гас кој поддржува согорување (како кислородот) за да може да префли толку голема искра
(може и да грешам за ова, не знам, чисто како размислување го презентирам
).