Знае ли некој каде има квалитетни клешти-сечици (од малите, за кратење изводи на елементите, не од тие за електричари) и евентуално која цена се?
Јас земав Extol комплет до Хубо, немаат проблем, барем до сега, имам сечено многу работи со нив, е сега, барем цвикцангличките, не сечат добро челик (
ги имам малку гњавено), но за останати работи се добри
. Мислам дека комплет беа околу 400 денари. Има и посебни такви мали цангличиња да се купат, најразлични марки, ама околу 150 денари е една, или тука некаде (100, 110, 120 денари). Имам и кинески од Euro Tools, како Devil што има, исто, околу 150 денари беа комплет од 5 (една повеќе има од овие на Extol), искрен да бидам, прилично солидни се
, ме имаат изненадено
. Не се толку добри како овие на Extol, на пример, цвикцангличката има мала нееднаквост на аголот под кој се поставени секачите од едната и од другата страна (секачите не се поклопуваат на средината туку малку забегува едниот на едната страна), ама и со нив немам некој поголем проблем, супер се имаат покажано
. За 150 денари се повеќе од добри
. Ќе ги познаеш по дреч портокаловата боја на навлаката на рачките
.