прашувам дали е можно така како што јас пишав ?
Не е дека не може, ама за џабе комплицираш
. Плус, некои возачи кои едноставно не сакаат да носат појас, сега го решаваат проблемот со „колата свири и не пали ако немаш ставено појас“ со едноставно преспјување на појасот за лежиштето, но појасот е зад нив. Ако го направаиш ти како што викаш, нема да може да го направат тоа
. Некој многу ќе се нервира
. Плус, сугурно ќе треба возачот да седи барем едно 10-тина минути во седиштето за да истото се загрее и за да може сензорот да прати индикација дека „некој има во седиштето“ и да почне да зуе
. И ако го дизајнираш сензорот така да колата да може да запали иако „никој нема во седиштато“, може да се случи сензорот да почне да зуе сред возење, што може да го испанич возачот и (не дај боже) да направи сообраќајка :S. А ако го дизајнираш сензорот колата да не пали ако сензорот не јави дека некој има во седиштето и ако не е ставен појасот, тогаш па може да се случи шоферот да мора да седи 10-тина минути во кола само колку да го згрее сензорот за да запали
. Не иде, нели
. А да не зборувам за фактот дека сенозорот може да почне и да титка сам од себе и ако летно време падне сонце на седиштето и го загрее сензорот да мисли дека има шофер во возилото, а нема.
Не е практично ова решение. Има многу поелегантни решенија, како што ти предложи Malecko
.