Нешто прочитав во темите за аудио засилувачи со електронски цевки за пентодите и некои работи не ми се баш најјасни. Ако може некој да ми појасни, би било одлично
.
Каква всушност функција имаат пентодите? За триодите јасно ми е, имаш анода, катода, гејт, типична конструкција на FET или MOSFET, но функцијата на пентодите не ми е јасна, што всушност прават? Имаат три контролни решетки, зошто? За прецизно фокусирање на електорните од анодата до катодата ли се користат три решетки, и ако е ова точно, повторно, зошто се прави тоа?