Дечки ме интересира како да проверам колкав пробивен напон има зенер диода и дали воопшто е исправна?
Врзи ја за стабилизран избор за напојување, но врзи ја во непроводна насока, значи катодата нека биде врзана за плусот од напојувањето, а анодата нека биде врзана за минусот од напојувањето. Пожелно е да користиш некој извор за напојување кој не може да даде преголема струја, на пример стабилизиран извор за напојување со LM317, тој може да даде околу 1A струја на излезот од изворот
. Како и да е, значи, постави ја диодата како што претходно ти имам пишано и полека зголемувај го напонот со помош на потенциометарот за регулација на напонот на излезот до напојувањето, притоа не е лошо да ја допираш диодата со прст, да не случајно прегрее, ако е некоја помалку моќна зенер дидода, можно е да прегрее, во тој случај, веднаш исклучи ја од стабилизираниот извор за напојување
. Ако не прегрева, полека зголемувај го напонот, а притоа на краевите на стабилизираниот зивор за напојување, стави волтметар. При зголемивање на напонот на напојување, ако е зенер диодата исправна, треба во определен момент напонот да престане да расте при мрдањето (зголемувањето) на врендоста на потнециометарот. Напонот кој го чита волтметарот е пробивниот напон на зенер диодата
. Ако напонот континуирано расте со зглемување на вредноста на потенциометарот (со мрдање на потенциометарот), зенер диодата е најверојатно пробиена :S. Доколку напонот не расте повеќе од 1V (или некоја вредност блиска до оваа), провери да не случајно си ја врзал диодата погрешно, односно анодата да ти е врзана за плусот од нпојувањето, а катодата за минусот од напојувањето
.