грешка си, претходно се програмирани во фабрика на која температура да се палат...види убаво во даташитот...
Да, според ознаките на крајот од чипот се гледа тоа, мислам дека за тие што ги имам јас температура на палење им е 80 или 70 степени. А со отпорниците се дефинира колкава да биде хистерезата на палење и гасење
. Доколку не ги ставиш, околу 10 степени е хистерезата (на пример, стигнува температурата до 80 степени, се пали кулерот и работи се додека не падне температурата до 70 степени и се гаси потоа
). Хистереза мора да има за да не се јави оној ефект пали/гаси кога ќе стигне до критичната температура (ќе го олади за еден степен и ќе се изгаси, па после 2, 3 секунди пак ќе ја дигне истата температура, па пак ќе се пушти кулерот, итн., е за да го нема овој ефект, мора да има хистереза на палење и гасење
). A инаку со отпорниците се намапалува хистерезата, на пример место да биде 10 степени, ќе биде 5, мада мое лично мислење е дека 10 степени е доволно голема хистереза, кулерот ќе се пал и гаси на приближно една минута или две, од прилика
(зависи од тоа колку грее транзисторот, интегрираното коло, што и да е што треба да лади, но од прилика би била толку, значи работи 2 или 3 минутои, па не работи едно минута или две, па после пак се пушта и работи 2 или 3 минути, итн.
).