.....
Мерев после грецот имав 12,6V (трафото вади околу 10V / 500mA) после мерев од плусот кон маса (GND) и имаше околу 4,7V. Мерев и од излезот на 7805, вадеше околу 4V, а на излезот од 7905 имаше помалце од волт, поточно 0,7V. Сега не ми е јасно, дали е лошо заземјувањето (користам кутија од компјутерско напојување) или имам некоја грешка?
Однапред Ви благодарам
Вака, според мене проблем ти е трафото. Во шемата што ја користиш е наведено трафо со секундарен напон од 15 V. Ти користиш трафо со секундар од 10 V.
За да функционира стабилизатор од типот 78хх или 79хх мора да има на влез напон за 2 V поголем од излезниот. Тоа значи дека, ако сакаш на излез да добиеш стабилизирани 5 V, на влезот од 7805 мора да донесеш напон поголем од 7 V. За негативниот исто така. Тоа значи дека МИНИМУМ 14 V мора да имаш напон после грецот.
Друг проблем е средниот извод. Немаш среден извод.. За помали струи би функционирало и без среден извод незнам, останува да се проба.
А што се однесува до лемење жица дирекно на јадрото - ништо нема да се добие со тоа. Јадрото е неутрално во однос на влезниот и излезниот напон. На него едино може (и треба! ) да се поврзе заземјувањето од електричната мрежа поради исклучиво заштитна функција.