Ова не ми изгледа ни како класично AT. Мислам дека конекторот на класичните AT имаше помалку жици. Личи како да е некое custom AT напојување. Напојувањата за Hi-End серверски плочи се обично вакви. На пример, ако е ATX, да, има Molex конектор, ама не е стандардно 20 или 24 пинско, туку има, на пример 22 пина... или, стандардно 20 или 24 пинско е, ама распоредот на жиците не е ист како на стандарден 20 или 24 пински Molex. Можно е и да има и 6 место 4 жици за додатниот 12V-ен rail, а и тоа не е компатибилно со стандардниот додатен 4 пински 12V-ен конектор од класично ATX напојување. Мислам дека се совпаѓа со некои од оние 6 пински Molex конектори за графички карти, ама од обратна страна (штипчето за стегање му е од другата страна и автоматски, нема за што да се стегне конекторот со матичната плоча
), а ако го ставиш од обратна страна, обратен поларитет на напоните добива матичната плочата и ќе ја зезнеш
.
HP, IBM и Fujitsu знаат вака да прават со нивните серверски напојувања. Намерно, се разбира
, за да мораш да купиш напојување од нив во случај да се расипа старото
.
Пробај на интернет да најдеш user manual од некое PC/сервер кој го има има користено ова напојување. Пребарувај само по модел, не и по производител. Delta произведуваа (можно е и уште да работат, не знам) се и сешто и најчесто беа подизведувачи за некои од големиве компании, така да, можно е да најдеш неколку различни уреди во кои се користело напојувањево. Симни ги сите и види дали во некое од нив наведува кој е распоредот на пиновите и кој пин за што е. Можно е и да е ATX, не AT, ама со некој custom конектор со кој знае каков распоред на пинови
.
Тие напојувања се одлични
. Ако можеш да го проработиш, ќе ти трае долго време
.