Или некој друг?
Јас овој го користам.
http://www.loging.mk/264/171106/0/ShowProduct/Kontakt_sprej_-_suv
Буквално може да го пуштиш уредот и додека уште е влажна површината од спрејот, не прави кратки споеви и при вискои фреквенции. Чисти у ПМ
. Со овој чистам контакти од матични плочи (пред се на слотови за DIMM), кулери (да, може и нив да ги чистиш, гареж и ситна прашина буквално топи, може да го ставаш и кај лежиштето за оската, сум отпушувал буквално заглавени кулери, се разбира, на крај ќе ставиш малку моторно масло за да остане подмачкано, така да, нема потреба целосно да ги растураш
), калафониум по лемење на SMD компоненти (ќе шприцнеш малку и потоа со палома ќе ја впиеш течноста за да местото остане убаво исчистено), чистење на плочки од флукс по лемење, вадење на катран од цигари од контакти и компоненти (можно е да треба да искористиш палома по прскањето, зависи од тоа колку се катраносани контактите), оксидирани контакти од греење... како што пишав, скоро и да нема што не може да исчисти. Лемните точки не ги уништува, не ги прави сиви, баш напротив, си остануваат сјајни, исто како и веднаш по лемењето. Јас само на овој му верувам
.
Пиши на Google "Kontakt PRF", 6-68 ти го дава како прв suggestion
. Избери "Kontakt PRF 6-68", потоа кликни на Images за да ти даде image results, ќе видиш што се може да се чисти со него
.
Значи, ќе бараш Kontakt PRF 6-68
. Кај нас (во МК), колку што знам, го има само во Loging.