Инаку чим си направил драјвер Киловолт за што ќе го користиш високиот напон пак ли ќе правиш некој Теслин Трансформатор или?
На теслиниот му треба напредок, со 35 вати ништо не правиме.
Затоа и бобина барав.
он не ја поврзува бомбината на 12 волти еднонасочен напон он оди директно на 50 херци тоа е веќе сосема друг драјвер.
Грешно си ме разбрал, значи овде звучникот го драјвува наизменичен напон, 12 волти 50 херци кој се користи за контрола на поголем напон и појака струја, во овој случај 18 волти, незнам колку ампери еднонасочна. Изгледа се збуни, изгледа кога реков 50 херци ти одма помисли на градска мрежа...
Ова напишаново беше, да не речам гаф...
Јас имам отворено бомбина беше прегорена и со брусилка и го исеков врвот..Одвај ја растурив ја упроастив.
Кога го читав ова си реков -што си направил бе nsu! Си ја сквернавел високонапонскава електроника... Се шалам..
Киловолт не ти треба отпорник тоа дојде до недоразбирање бидејќи јас сакав принципот да го објаснам.
Ако видиш како почнавме, ќе видиш дека всушност ја барав максималната јачина на струјата која што може да минува во примарот, па затоа ја барав вредноста на отпорникот, за да пресметам по омов закон, но сето се испомеша...