Спреми се за долго читање. Значи звукот се создава со ширењето на воздухот што го предизвикуваат искрите, Теслиниот трансформатор се вклучува и исклучува многу пати во секунда, и така се создава звук со одредена фрекфенција, иако Теслиниот работи на радио фрекфенции. Има сложен и попрост начин да се направи ова. Сложениот претставува солид стејт Теслин трансформатор кој е аудио модулиран од страна на прост МИДИ (дигитален интерфејс за музички инструменти) прекинувач, кој го прекинува во зависност од фрекфенцијата, така се добива аудио модулација на високонапонските празнења. Овој начин има предност во тоа што тој може потполно да ја контролира струјата, со тоа се добиваат појасни тонови, а со тоа и почист звук, иако звучи како првите електронски музички инструменти. Простиот начин е ваков-Значи за аудио модулација на Теслино трафо е потребен некој вид на прекинувач кој зависи од дигитален или аналоген сигнал, т.е. некој вид на засилувач. За ова има прост, сложен и уште посложен начин. "Нај сложениот" од овие прости начини е со користење на аудио засилувач од неколку стотици вати, (зависи колку вати сакаш да биде теслиниот) и така со аудио сигнал да ги контролираш искрите."Сложениот" начин се состои од транзистор отпорник и реле, така поврзани што транзисторот ја вклучува и исклучува струјата во калемот на релето, релето ја вклучува и исклучува струјата во примарното коло. Базата и емитерот на транзисторот да бидат приклучени на некој сигнален напон, овој начин е ограничен во фрекфенцијата (до околу 200 херци) и често се случува релето и транзисторот да не се усогласат со макс. фрекфенција и така да се уништи звукот на искрите.Друга варијација на ова е да се поврзи директно еден слабо сигнален, но високонапонски и јак транзистор, или дарлингтонов пар (за да не мора да биде слабо сигнален) на транзистори, така што тие да ја контролираат струјата на примарното коло на Теслиниот трансформатор.Најпростиот од овие начини е со некои високонапонски тастери, да се вклучуваат одреден број на искричари (или кондензатори, или да се менува бројот на навивките на примарот, но не го препорачувам ова затоа што ова ја менува фрекфенцијата на примарното коло и ќе се раштима целиот Теслин трансформатор) сериски, со што ќе се менува фрекфенцијата на која работи Теслиниот трансформатор. Значи ќе добиеш нешто како -нова генерација на музички инструменти- Сепак треба учење за ова бидеќи ќе треба ти да го свириш. Се надевам дека ова ти помогна.
А некоја шема ?
база/гејт побудуваш и тие пропуштаат/непропуштаат
Quoteбаза/гејт побудуваш и тие пропуштаат/непропуштаатда не смеша малку колектор и гејт?Инаку, ќе му ставам шема и ќе отворам тема во високонапонска електроника.
Quote from: KiloVolt on 18.12.2013, Wednesday, 07:31:07Quoteбаза/гејт побудуваш и тие пропуштаат/непропуштаатда не смеша малку колектор и гејт?Инаку, ќе му ставам шема и ќе отворам тема во високонапонска електроника. Киловолт, за побуда на транзисторот е потребно да се донесе напон на базата или гејтот,зависно каков е транзисторот.Тоа сакаше да го каже членот.Колекторот и гејтот не влегуваат во таква комбинација.
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=11719.0