Стефанјаневски очигледно мерките не ти се точни.Ако немаш програм седни математички,на рака се пресметува за миг тоа .Само точно треба димензиите да се мерат.Вака гледано изгледа голем трафо,а твоите мерки некако не се соодветствуваат.
Изгледа долго, но не и големо, но на моќноста на трафото влијае само напречниот пресек на јадрото, а не и неговата должина, баш напротив, важат истите закони како и кај проводниците, колку подолго јадро, толку поголема отпорност при течењето на виорните струи низ јадрото, толку поголеми Џулови загуби (греење) на јадрото.
Јадрото е долго, а тоа значи дека може да се намота многу жица, односно да се постигне висок напон, но не и голема струја.
Многу малку, има дебела зица, а не е ни мало трафото, татко ми ми кажа дека треба да е некаде 200 вати.
Нема шанси да е 200W. Според пресметки е 36W. Еве, сметај дека е 45W (со некој минимален пад на напон доколку некое коло максимално ја „влече“ струјата од трафото), но не и повеќе од тоа.
А може ли некој од вас да ми пресмета, зашто мене не ми ја пушта оваа програма, јас и предходно знаев за оваа, ама не ми ја пушта, имам некој ерор.
Ако работиш на Win7, да, нема да ти ја пушта. Совет до сите кои работите со електроника: ако веќе користите Windows за работа со електроника, ставете си XP. Единствени кои целосно се префрлија на работа со Win7 се графичките дизанер, web дизајнерите и се што спаѓа по работа со графика (не поради друго, не работат со никаков екстерен хардвер кој мора да биде компатибилен со оперативниот систем). Аудио продуцентите (ако веќе морааат да користат Windows), сеуште користат XP, како и сите останати корисници кои поради X причини мораат професионално да работат под Windows. Ако не ми верувајте, прашајте, ќе видите што ќе добиете како одговор
.