Кога го испита ампер метарот што ти го дадов,ти го поврза на 12волти.Поточно на + од амперметарот го поврза позитивниот пол од напојувањето и - од амперметарот негативниот пол од напојувањето.забележав дека амперметарот(дигиталниот) на напојувањето отпиша 0,4ампери (а истото го покажа и на аналогниот амперметар-тестираниот) .Што значи тоа,зашто не покажа друга бројка?
Тоа не ми беше јасно.
Не може да покаже друга бројка ако е исправен и низ него течат 0,4А, нема врска дали е приклучен на 5, 12 или 24V, тебе изгледа те буни тоа што овој амперметарот тогаш го поврзав паралелно на излезот од напојувањето, како волтметар, тоа беше само колку да го пробам, пошто имам можност да ја штелувам излезната струја на моето напојување ја наместив на минимум, амперметарот го врзав како куса врска на излезот и како постепено ја зголемував струјата така се зголемуваше и отклонот и видовме дека покажува точно од 0-1А, исто како и тој дигиталниот од напојувањето.
Иначе амперметар никогаш не се поврзува така во коло, секогаш треба сериски, јас го ставив така само пробно и само поради тоа што имав регулација колкава струја ќе протече низ него, ако го врзеш на некој исправувач што нема таква регулација и ако низ него помине целата струја на краток спој поголема од 1А, отиде амперметарот...