стави му на грецот 4 кондензатори, од плус према наизменично 2 и од минус према наизменично 2, види со осцилоскопот што се случува со напојувањето, исклучи го појачалото и стави некој отпорник да го оптерети, види дали навистина е до напојувањето, доколку напојувањето е убаво, најверојатно имаш направено некој осцилатор од тоа засилувачот ( се случува при мала грешка кај засилувачите со ОЗ, наместо засилувач да добиеш осцилатор) да не имаш така направено, нешто погрешно споено, или сл. па во зависност од кондензаторот кој го ставаш да добиеш осцилатор со различна фреквенција, имаш осцилоскоп употреби го да видиш што се случува со сигналот
стави му калеми на напојувањето, провери можеби шумот ти иде од мрежата, стави филтер колку за проба
ОК, вака сега, заборавив да напоменам една работа, целата плочка ја изработив со ground plane. Да не е случајно тоа проблемот? Знам дека не е препорачливо за аудио апликации ground plane, ама мислев дека само на помоќните конструкции им пречи, не и на вакви ситни :S.
Во врска со грешките за спојување, немам грешка, се супер си работи, башка, колото е интегриран засилувач во AB класа, скоро и да нема потреба за екстерни компоненти (освен потенциометра за volume), еве, види ја шемата од datasheet
. Се што треба е само напојувачка секција, две диоди за ограничување на влезен сигнал и потенциометар. Диодите се извадени и е пробано и без нив, пак се јавува истиот ефект. Само ако го нема филтерскиот кондензатор во колото и ако се напојува колото од стабилизиран зивор за напојување (значи се си стои на место, само го нема филтерскиот кондензатор од 1000uF), само тогаш го снемува брумот. Во секоја друга сицтуација има брум (не можам да проверам дали е истата ситуација кога се напојува преку трафо од AC, кондензаторот мора да го филтрира исправениот напон, но и во оваа ситуација, повторно се јавува брумот :S).
Во врска со самоосцилирањето, таа комбинација (скоро) и да не е возможна, екстерни компоненти нема, повратната врска и мостната врска се изведени интерно, така да, не верувам дека самоосцилира, но дефинитивно мислам дека некој компонента враќа брум назад кон маса и тоа го предизвикува бруењето, мое лично мислење, филтерскиот кондензатор е проблемот, но не може од 1000 филтерски кондензатори што ги сменив сите да бидат за никаде
, освен тоа, не ставам било какви, ставам Nichicon и Rubycon
. Со некои прости мерења, стигнав до тој резултат, дека масата флуктуира, зошто, не знам :S, можеби поради ground plane-от
.
Исто така, при мерењата, стигнав и до следниот резултат. Бидејчи немав сигнал трасер со кој би можел да видам од каде доаѓа брумот во сигнал трасерот (redundant
), а колото го испитував со сигнал од PC, решив да си направам „сељачки“ сигнал трасер, барем за почетниот степен со слушалки (има доволно моќ сигналот да ги напојува
), и стигнав до следниот заклучок. Брумот го нема во сигналот се додека не излезе сигналот од потенциометарот за volume контрола (кога филтерскиот кондензатор е ставен во колото, без него, го нема брумот на средниот пин од потенциометарот). Мислев да не е случајно потенциометарот проблематичен, па го сменив со друг со друга вредност (сите се нови и некористени, нитуеден стар нема
), но повторно се јавуваше брумот :S. Е сега, без разлика што се различни потенциометрите, сите имаа иста форма и конструкција (оние најевтините, цели оклопени со метал
), не сум пробал да го сменам со некој пластичен и да видам дали ќе се смени ситуацијата. Мислите дека е добра идеја да го сменам со пластичен?
А што се однесува до фреквенцијата на осцилирање, секогаш е истата фреквенција, брум од 50Hz, само што со некои кондензатори има некои додатни хармоници, а со други ги нема, изгледа зависи колку е добар кондензаторот или дали и колку е сув
. Значи основниот хармоник е секогаш ист, 50Hz. Искрено, имам мал проблем со мерење на волку мали сигнали на осцилоскоп, дигитален е и refresh rate-от му се слаб на волку ниски фреквенции, па тешко може да се види дали и колку има брум, најубаво на уво се осеќа ова
.
Сега изработив нова ППК, па ќе видиме како ќе иде со неа. Оваа е без ground plane
. Ако евентуално се јавува истиот проблем, ќе пробам да видам дали со фитри од мрежата ќе се среди проблемот (како што посочи
), инаку, на претходнава верзија на плочката не пробав да видам дали фитри би имале некоја улога. Едно време мислев и дека трансформаторот е нешто зезнат, дека внесува некои хармоници во излезниот напон, но излезе дека не е така, мерев со социлоскоп, има некое мало изобличување на излезниот напон од трансформаторот, но нипто сериозно, таков тип на изобличување е нормално да има сигналот на излез. Сменив и два други трансформатори, но истиот проблем се јавува, така да, не е до трансформаторот :S.