Сакам да поставам едно многу глупаво прашање
.
Вака, изработив еден сигнал трасер, си го правев по моја шема, јас си ја изработив, со TDA7052, трасерот работи, но има еден проблем. Бруи излезот од трасерот :S. Сменив 1000 различни компоненти и пак бруи :S. По еден ден лоцирање на проблемот, конечно го најдов каде е проблемот, како и во 90% проценти од случаите (со бруење), во напојувачката секција :S. Сигнал трасерот си има свој стабилизиран извор за напојување со 7808, но сепак, бруи :S. Кога е изваден кондензаторот за филтрирање на напонот по грецот и кога е приклучен трасерот на стабилизиран извор за нпојување (значи грецот е сеуште присутен, но изваден е кондензаторот, стабилизаторот и останатите компоненти сеуште стојат на плочката), не се јавува бруењето, едноставно исчезнува. Но се случува една многу чудна работа. Кога ќе го вратам назад кондензаторот во колото, кога е приклучен трасерот на надворешниот стабилизиран извор за напојување, пак почнува да бруи, помалку одколку кога е приклучен трасерот на неговиот onboard извор за напојување, но сепак бруи :S. Сменив 1000 различни кондензатори, со некои помалку бруи, со некои повеќе, но со сите бруи, без разлика дали е приклучен на неговиот извор за напојување или на надворешниот извор за напојување. Во секој случај, интегрираниот засилувач има моќност од 1W, па затоа решив дека добра ведност за кондензаторот за филтрирање е 1000uF (според мене, повеќе од доволна
), но со оваа вредност на кондензаторот за филтрирање, многу бриу трасерот, а пак со поголеми вредности, бруи многу помалку, сепак бруи (на пример, му ставив и 3300uF филтерски кондензатор и пак бруи :S).
Целото однесување на оваа филтерска секција ми е некако чудно. Мислев случајно некоја од диодите во грецот да не е проиена, па го сменив грецот со друг, но ни тоа не го реши проблемот. Пробав да ставам друг стабилизатор, некој друг (немав 7808, па му ставив 7805), но повторно се јавуваше истиот проблем :S.
Искрено, многу ме зачуди проблемов, не сум налетал до сега на ваков проблем. Некако целата ситуација нема логика. Ако некој даде некоја идеја, добредојдена е, ќе прочитам и ќе пишам дали сум го пробал и тоа или не
.